Краматорск, Украина. Руските терористи го погодија градот со балистичка ракета што доведе до цивилни жртви. Некои луѓе се уште се под урнатините. Нема друга цел освен терор. Терор со кои Украинците се соочуваат од почетокот на руската воена агресија, веќе безмалку цела година.
Целиот пекол со кој се соочуваат сега во Украина во оваа руска агресивна војна всушност не е нешто ново кога е во прашање руското разбирање на водење војна, а тоа е резултат на целосна неказнивост за ваквото руско делување на повеќе географски локации во различна временска дистанца.
Истото страдање и пустош им се случуваше и на недолжните сириски цивили кога руското оружје за масовно уништување беше ставено во служба на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Муса Зидан, фотограф и координатор на архивата со WhiteHelmets., посветен на спасување животи и промовирање на хуманоста преку мојата работа, сириските страдања ги сподели преку својот Твитер профил, каде преку објавено видео се прашува:
Што направивме за да го заслужиме сето ова страдање и пустош?! Хомс, Сирија… Дури и години по завршувањето на нападите, сликите на пустош го потврдуваат злото направено од Путин и Асад.
What did we do to deserve all of this suffering and devastation?!! #Homs, #Syria… Even years after the strikes ended, the pictures of desolation attest to the evil done by #Russia and #Assad. pic.twitter.com/nimffQ6hrc
— Mousa Zidane (@Zidane084) January 31, 2023
Она што го направија Русите во Сирија, истото го повторуваат во Украина.
Апокалиптичните слики од бомбрдираните Бахмут или Мариупол во Украина, не се разликуваат од сликите на разрушените градови во Хомс и Алепо во Сирија.
Без разлика каде и кога, Путинова русија носи разурнувања, терор и смрт.
Д. Мишев