• Latest

Кратка хронологија на случувањата во 2019 година

January 7, 2020
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кратка хронологија на случувањата во 2019 година

January 7, 2020 14:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНУАРИ го одбележаа ратификувањето на Преспанскиот договор во Собранието на Република Северна Македонија, протестите против промената на името, потпишувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и изгласувањето на Преспанскиот договор во грчкиот Парламент.

Во ФЕВРУАРИ од позначајните настани се издвојуваат потпишувањето на протоколот за прием на земјата во НАТО од страна на 29 земји членки на Алијансата, распишувањето на претседателските избори, почетокот од имплементацијата на Преспанскиот договор, првата седница на новата Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси.

Посетата на Филип Рикер на Северна Македонија, издавањето на меѓународна потерница за Груевски и Бошковски, обелоденувањето на тројцата кандидати за претседател на земјата, средбата Заев – Мицкоски зад затворени врати, приведувањето на Чавков, пресудите за крвавиот четврток, апсењето на Стевчо Јакимовски, намалувањето на затворската казна за Јанкуловска, постапките кои ги поведе ДКСК против неколку функционери вклучително и тогашниот претседател Иванов и поплавата во просториите на СЈО се дел од поважните настани во МАРТ.

Во АПРИЛ започна кампањата за претседателските избори, Алексис Ципрас ја посети Северна Македонија, ЦИВИЛ ја покрена иницијативата за прогласување на 12 април за ден на протестите, која ја поддржа и тогашниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, се одржа првиот круг од претседателските избори, ИВЗ ја следеа низа скандали, а претставници на Шарената револуција ги повикаа кандидатите Силјановска и Пендаровски #НаМегдан.

Вториот круг од претседателските избори, победата на Стево Пендаровски, укинувањето на куќниот притвор за Мијалков, посетата на папата во Скопје, доставувањето на иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите во Собранието, оставката на Павле Богоевски од пратеничката функција, бомбите на Ел Чека за ДУИ, седницата на Централниот одбор на СДСМ и најавувањето на „метлата“ на Заев се настаните кои го одбележаа МАЈ.

Во ЈУНИ Груевски од Будимпешта си даде оставка од пратеничката функција, Јанева даде одобрение за враќање на пасошот на Камчев, државниот секретар во МИОА, Јахија, беше уапсен како осомничен за земање поткуп, се одбележа годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, се одложи казната за Јанкуловска, се спроведе реконструкцијата на Владата и се одржа првата Парада на гордоста во Скопје.

ЈУЛИ го одбележаа новиот Закон за прекинување на бременоста, штрајкот со глад на Миле Јанакиески, неиздавањето дозвола за рудникот Иловица, отфрлањето на пријавата против Канчевска Милеска, ослободувањата од обвиненијата за Латас и браќата, Садула Дураку на функцијата вицепремиер, бомбите за Рашковски, апликацијата „Мој ДДВ“, апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 и обелоденувањето на случајот „Рекет“ во јавноста.

Спроведувањето на Сеад Кочан во Идризово, казната од 7 години за дедото на Тамара, ДКСК поведе постапка против градоначалникот на Сарај, објавувањето на видеа за „Рекет“ во Ла Верита, апсењето на Катица Јанева, стапувањето на функција на новата министерка за економија Ангеловска се дел од настаните кои го одбележаа АВГУСТ.

СЕПТЕМВРИ започна со штрајкот на СОНК, потоа следуваа: застарувањето на случајот Ликвидација, посетата на Венецијанската комисија, напади врз здравствени работници во повеќе здравствени установи во земјата кои предизвикаа штрајк, разрешувањето на Јово Вангеловски од Судскиот совет, потврдувањето на затворските казни за седуммината осомничени за обид за убиство на Зијадин Села, собраниската иницијатива за една изборна единица, куќниот притвор за Зоран Милески – Кичеец и конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективите на македонските избори“.

Во ОКТОМВРИ Независниот синдикат на полицијата излезе на протести, Груевски доби право на глас во Унгарија, Македонија остана без датум за преговори за влез во Европската Унија, на лидерската средба кај Пендаровски лидерите на парламентарните партии се договорија за предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година и Метју Палмер беше во посета на Скопје.

ДКСК со кривична пријава за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, Јанева од Шутка побара апанажа, Сасоли ја посети Македонија, МОН и СОНК постигнаа договор за повисоки плати, Груевски беше ослободен од обвиненијата за „Траекторија“, Зекир Рамчиловиќ е нов потпретседател на Собранието, Камчев со кривична пријава за обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, Јанева доби куќен притвор, се промовираше платформата „Отворени финансии“ и Албанија беше погодена од катастрофален земјотрес во НОЕМВРИ.

Од настаните кои го одбележаа ДЕКЕМВРИ се издвојуваат започнувањето на судскиот процес за „Рекет“, првата исплата од „Мој ДДВ“, протестите за чист воздух, изгласувањето на новиот државен ревизор во Собранието, маршот на сексуалните работнички, исказот на Ременски за случајот „Рекет“, едностраното раскинување на договорот за Иловица, лидерската средба Заев – Мицкоски и конечното потпишување на колективен договор  во културата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ