Лажна страница со име Škoda Macedonia на Фејсбук неколкупати објавува лажни информации за наградни игри.
За оваа нова измама на социјалните мрежи извести порталот ММС во написот „Кога да си ја земам шкодата“ – Луѓето побудалеа по лажна наградна игра, не се свесни дека се изманупулирани“. Станува збор за фејсбук страницата Š???? ?????????, на која е објавен и пост со назнака од Фејсбук како „Лажна информација“ и линк до рецензијата од Вистиномер „Со лажна Фејсбук страница на „Шкода“ се лажат корисниците на Фејсбук дека може да добијат нов автомобил“.
За жал, на истата лажна страница (официјално демантирана дека е на Шкода од Македонија) се објавени уште неколку лажни информации за наградни игри за кои нема предупредување од Фејсбук дека станува збор за лажни информации.
Добро е тоа што и проверувачите на факти но и популарни портали ги разобличуваат овие дезинформации. Но, тие не можат да ги спречат ваквите појави.
Затоа внимавајте, особено на социјалните мрежи. Проверувајте и не наседнувајте на лажни вести и дезинформации, за да не останете со куси нозе или празни џебови.
Автор и водител: Петрит Сарачини
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски