• Latest

„Кратки нозе“ на Мицкоски во говорот, „кратки нозе“ на Курир за говорот на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

December 17, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Кратки нозе“ на Мицкоски во говорот, „кратки нозе“ на Курир за говорот на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

December 17, 2021 12:24
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓу порталите кои известија за конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и изнесените ставови на Мицкоски пред делегатите беше и „Курир“, кој на 13 декември 2021 објави наслов „Говорот на Мицкоски привлече големо внимание: Реторика која обединува, без напад кон ривалите, но со точни решенија за проблемите“.

„Говорот на Мицкоски по неговиот реизбор за лидерската позиција, привлече големо внимание. Беше различен од досега и посветен исклучиво на партиските цели, со повици за обединување. Во говорот немаше ниту критика кон опонентите, односно актуелната власт.“, тврди Курир.

Но, ваквата оценка не ја поминува елементарната проверка на факти. Како што видовме претходно, Мицкоски во својот говор го критикува и омаловажува политичкиот опонент користејќи потценувачка реторика и дезинформации дека бил „пазарџија од Горни Милановац“.

Но, и во делови од говорот на Мицкоски што ги пренесува самиот „Курир“ има експлицитни критики кон актуелната власт и нејзините политики. На пример, во делот кога Мицкоски говори:

„Сметам дека како општество премногу долго сме во истото мочуриште во кои нè доведоа неодговорни и лукративни политики, а сериозен проблем претставува ударот по самодовербата на луѓето и нивното чувство дека сите се исти и многу малку може да се смени.“

Или кога Мицкоски експлицитно ја критикува корупцијата во државата и „хибридниот режим“:

„Нема скала на релевантна институција која мери корупција каде државата не е вбројана за една од најкорумпираните во Европа, а во светски рамки сме во друштво на некои хибридни државни творби од Африка. А меѓу другото оценката е дека и тука владее хибриден режим кој секоја година повеќе заглавува во криминалот и корупцијата која не се случува само меѓу највисоките структури туку е пренесена на најниските можни рамништа.“

Оваа критика на Мицкоски дека „тука владее хибриден режим кој секоја година повеќе заглавува во криминалот и корупцијата“ не е објективно претставување на оценките од меѓународните индекси, туку е спин и манипулација.

За ова пишуваа проверувачите на факти од Вистиномер минатата година во текстот „Контраспин: Подобро „хибриден режим“ отколку „заробена држава““. Оценките на многу светски индекси не се задоволувачки, но се подобри од оние со кои бевме оценувани во минатото.

Накусо, Курир останува со кратки нозе кога тврди дека Мицкоски на конгресот „немаше ниту критика кон опонентите, односно актуелната власт“. Истото важи и за критиките на Мицкоски обременети со навредлива реторика и манипулации со фактите.

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ