• Latest

„Кратки нозе“: Непроверени и рани податоци за поголем ризик за децата од „омикрон“ сојот

December 26, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Кратки нозе“: Непроверени и рани податоци за поголем ризик за децата од „омикрон“ сојот

December 26, 2021 09:35
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе портали објавија информации за „сериозна студија која што ја објави „Дискавери““, како дел од изјава на наш лекар, кој упати апел за затворање на школите и преминување на онлајн-настава поради опасност од „омикрон“ сојот.

Но, да видиме што точно кажа лекарот во прилогот на ТВ Сител од 20.12.2021 со наслов: „Царовска: Епидемиолошката состојба во училиштата е стабилна – Мехмедовиќ апелира на онлајн настава поради ковид и сезонски грип“.

„Има една сериозна студија, која што ја објави Дискавери – осигурањето во Јужна Африка, според која што доколку хоспитализацијата кај повозрасните е намалена за негдека до 30%, кога е во прашање омикрон сојот, кај децата таа хоспитализација, збориме за децата под 18-годишна возраст, школска возраст, е зголемена за 20%, тоа е сериозна бројка која што ни индицира дека треба сериозно да размислуваме за тоа да ги заштитиме и помладите, а не да ги препуштиме толку лесно на вирусот и на болеста, и да сметаме дека лесно ќе поминат на таа фаза на создавање имунитет и прележување на болеста. Затоа сметам дека он-лајн наставата е едно од посоодветните решенија, барем во овој период додека имаме зголемена циркулација на респираторни вируси.“

Оваа изјава не е соодветно пренесена ни во прилогот на Сител, ниту од порталите кои спомнуваат само „Дискавери“, без да кажат дека станува збор за осигурителна компанија „Дискавери хелт“, што ги наведува читателите на погрешни заклучоци дека се работи за ТВ каналот „Дискавери“.

За резултатите од споменатата студија извести и „Ројтерс“ на 14 декември, напоменувајќи дека наодите не се конечни, туку прелиминарни. По известувањето за зголемениот ризик од 20% за хоспитализација кај децата (иако има многу ниска апсолутна инциденца кај децата), има предупредување дека станува збор за „рани податоци“, а подоцна и тврдење дека „научниците од Јужна Африка рекоа дека не можат да потврдат врска помеѓу Омикрон и зголемените приеми на деца“.

И експертските реакции објавени на 14 декември на „Science media Center“, укажуваат дека не треба да се извлекуваат дефинитивни заклучоци за ризикот за децата, поради тоа што станува за рани податоци, и некомплетни и делумни податоци. Еден од експертите укажува дека и за претходните варијанти имало тврдења дека децата ќе бидат позасегнати, што подоцна се покажало како неточно, затоа што тврдењата биле засновани на рани и делумни податоци.

И СЗО на 17 декември 2021 укажа дека се уште има ограничени податоци за клиничката сериозност на Омикрон, и дека се потребни повеќе податоци за да се дојде до разбирање.

Затоа, додека науката не дојде до проверливи сознанија, најдобро е да ги почитуваме препораките на СЗО за заштита на себеси и на другите, и да се воздржиме од ширење на дезинформации или непроверени информации, кои можат да имаат сериозни штетни последици.

 

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ