• Latest

„Кратки нозе“: Во насловот едно, во текстот друго – која вакцина е најефикасна и за што?

December 9, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Кратки нозе“: Во насловот едно, во текстот друго – која вакцина е најефикасна и за што?

December 9, 2021 09:34
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во насловот едно, а во прилогот друго. Уште еден таков пример е насловот „Фајзер најефикасен против смртен исход, Синовак против хоспитализација“ кој осамна интернет порталот на ТВ Сител на 2 декември 2021.

Но, во најавата на вестите на ТВ Сител во 19 часот се тврди нешто друго:

„Фајзер најефикасен во спречување хоспитализација, најмал број смртни случаи меѓу вакцинираните со Синовак – истражување за ефикасноста на вакцините во Македонија“.

Истото тврдење, спротивно од насловот „Фајзер најефикасен против смртен исход, Синовак против хоспитализација“  го има и на почеток на видео прилогот од вестите на Youtube каналот на Сител:

„Синовак најмногу спречува смрт, а Фајзер хоспитализација, покажува првичната сеопфатна анализа на министерството за здравство.“

По објавата на ФБ страницата на ТВ Сител, грешката во насловот ја забележаа и читателите, кои коментираа: „насловот и почетокот на текстот не се совпаѓаат“, „насловот е еден , а во текстот друго“.

Најголем број читатели читаат само наслови, па така, оние што не го видоа прилогот, а ги прочитаа само насловите на порталот, ФБ страницата и Youtube каналот на Сител, ќе бидат дезинформирани за резултатите од истражувањето- која вакцина е најефикасна против хоспитализација, а кај која вакцина има најмалку случаи со смртен исход.

Затоа, не е првпат ниту последен да препорачаме: читајте ги содржините до крај. Не верувајте слепо на наслови, туку проверувајте и од други извори, доколку сакате да дојдете до вистината. Без оглед дали се работи за ненамерна грешка или злонамерна манипулација, насловите  се често мамка, не дозволувајте вие да бидете пленот.

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ