• Latest

Кремљ го користи предавањето на бранителите од челичарницата Азовстал  за пропаганда, прикажувајќи ги Украинците како терористи и нацисти

May 20, 2022
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Кремљ го користи предавањето на бранителите од челичарницата Азовстал  за пропаганда, прикажувајќи ги Украинците како терористи и нацисти

May 20, 2022 09:14
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Русија го искористи масовното предавање на украинските војници во фабриката за челик Азовстал во Мариупол како пропаганден подарок во средата, користејќи го за лажно да ги означи како терористи и да создаде паралелен наратив на украинскиот приказ на руските војници како грозоморни воени злосторници, пишува Њу Јорк Тајмс.

Масовното предавање, кое стави крај на најдолгата битка во тримесечната војна, Русите го опишаа како славна пресвртница во конфликтот што западните воени аналитичари и групи за човекови права го опишаа како катастрофален за Кремљ и неговите сили кои ја бомбардираа Украина неселективно и беа обвинети за други злосторства.

Сликите од предавањето на Украинците беа објавени од страна на Русите токму во моментот кога руски војник се изјасни за виновен во судницата во Украина за субиство на невооружен цивил, во случајот кој на големо се следеше.

Украина првично го опиша масовното предавање на војниците во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, што нејзината војска го нареди во понеделникот вечерта, како единствена алтернатива за нивната речиси сигурна смрт против безнадежни шанси и како увертира за размена на затвореници.

Но, од Москва  разговараа за размена на заробеници, а до средата стана јасно дека Кремљ има намера да ги користи затворениците за други цели.

Руските коментатори го прославија падот на фабриката за челик и, особено, предавањето на членовите на баталјонот Азов, украински полк со корени како екстремно десничарска група, која Путин ја искористи за фиктивно да ја прикаже инвазијата како битка за ослободување Украина од нацистите.

Фотографијата направена за време на патување организирано од руското Министерство за одбрана прикажува руски војници во уништен дел од фабриката во Мариупол во средата/ Associated Press

Рускиот Врховен суд соопшти дека следната недела ќе одржи сослушување за тоа дали да ја прогласи Азовската група за „терористичка организација“, што би можело да и даде покритие на Москва да ги суспендира правата како воените заробеници. Русија соопшти дека 959 војници во фабриката се предале, од кои околу 800 од баталјонот Азов. Се верува дека во фабриката остануваат уште околу 1.000 војници.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека војниците на Азов извршиле воени злосторства користејќи детски градинки и медицински центри за складирање муниција и користејќи цивили како жив штит, повторувајќи ги обвинувања што што Западот ги упати против руските трупи.

Некои од затворениците се префрлени во истражен затвор во градот Јеленовка, во источниот украински регион Доњецк, контролиран од Русија, рече Захарова. Таа ги обвини украинските сили дека истрелале ракети врз објектот во кој се наоѓале.

Захарова рече дека нема информации за размена на затвореници со Украина и дека оние на кои им е потребна медицинска помош ја добиваат. Русија објави видео од хоспитализирани заробени војници во град под контрола на сепаратистите источно од Мариупол.

Ранети бранители на Азовстал се транспортираат од руската војска

Амнести интернешнал ја повика Русија да ги почитува правата на заробениците, велејќи дека тие биле „дехуманизирани од руските медиуми“ и прикажани од пропагандистите на Путин како неонацисти, што „покренува сериозна загриженост за нивната судбина како воени заробеници“.
Захарова рече дека Русија со денови ги охрабрувала војниците да ја напуштат фабриката, и ја обвинува Украина што чекала толку долго за да им нареди да се предадат.

„Во моментов, најважно е сите да излезат“, рече таа.

Усложнувајќи ги напорите на Украина да преговара за размена на затвореници, претседателот на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, рече дека пратениците ќе разгледаат забрана за „размена на нацистички криминалци“.

Потегот на Русија да ги третира заробениците како воени злосторници дојде одкако рускиот војник Вадим Шишимарин се изјасни за виновен пред судот во Киев дека смртно застрелал 62-годишен маж на велосипед, убиство што може да се смета за воено злосторство.

Судењето беше невообичаено делумно затоа што продолжи и покрај неговиот потенцијал да ја попречи или дури и да ја запре идната размена на затвореници меѓу Украина и Русија.

„Русите сега може да одлучат да покренат случаи против украинските воени заробеници“, рече Алекс Вајтинг, обвинител за воени злосторства, кој е визитинг професор на Правниот факултет на Харвард. „Ова покажува зошто ужасните злосторства што ги вршат руските сили и посветеноста на Украина да ги гони, се толку многу во центарот на вниманието во моментов“.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ