Вадим Шишимарин стана првиот руски војник кој целосно ја призна вината на суд за убиство на цивил во регионот Суми на сослушувањето во Киевскиот окружен суд Соломијански, пренесува Укринформ.
За време на судското рочиште, обвинителот прочита кратко обвинение против Вадим Шишимарин, командант на воената единица 32010 „Четврта гарда Кантемировска тенковска дивизија на Московскиот регион“. Шишимарин потврди дека целосно ја признава вината за убиството на цивилот во регионот Суми, 62-годишниот Олександр Шелипов.
Тој потврди и дека е подготвен да сведочи за случајот.
По паузата судиите соопштија дека рочиштето за случајот е одложено за 19 мај во 12 часот. Се очекува на тоа рочиште да се одржи распитот.
Подготви: Д.Мишев