Руските напаѓачи се обидуваат да одржат прес-турнеја за странски новинари во окупираниот град Мариупол за да ја дискредитираат улогата на Украина во војната, изјави украинскиот министер за култура и информатичка политика Олександр Ткаченко на Фејсбук, јавува дописникот на Укринформ.
„Руските фалсификати и дезинформации се трансформираа во некои неверојатни форми. Овој пат окупаторите се обидуваат да одржат прес-турнеја за странски новинари до окупираниот град Мариупол. Примарната цел на непријателот е да ја дискредитира улогата на Украина во оваа војна. Во моментов веќе се донесени специјални „украси“ за странските медиуми: фрагменти од украинската муниција собрани од окупираните области на Доњецката област, толпа и актери кои ќе бидат претставени како локални очевидци“, напиша Ткаченко.
Според неговите зборови, ова само ќе го промовира ширењето на руските пропагандистички изјави и наративи. Невозможно е да се зборува за прес-тури во областите кои се контролирани од непријателот, бидејќи тие можат да приредат каква било слика што би била поволна за Русија, нагласи Ткаченко.
„За колегите новинари од странство, би сакал да истакнам дека преминувањето на државната граница или линијата на демаркација, престојот и вршењето на каква било активност на медиумите на окупираните територии се регулирани според законодавството на Украина и меѓународното право. Затоа, учеството на странски новинари во какви било прес-тури на територијата на Украина, вклучително и областите привремено окупирани од агресорот, мора да се одвива во согласност со законодавството на Украина“, додаде Ткаченко, повикувајќи го странскиот новинар да не ја зајакнуваат руската пропагандна машинерија.
Според податоците на украинското воено разузнавање, руските окупаторски сили се подготвуваат да ги покажат уништените области на Мариупол на странските новинари во периодот од 18 до 21 мај 2022 година.
Подготви: Д.Мишев