„Криминалот во Македонија нема партиска, етничка, ниту верска боја. Тој е мултикултурен, мултипартиски и мултиконфесионален. Криминалот е испреплетен меѓу оние кои се моментално на власт, тие кои биле претходно на власт и тие кои се спремаат да дојдат на власт. Тоа овозможува водење божемни процеси, кои имаат за цел само да ја дефокусираат јавноста од очигледната поврзаност на интересите и начинот на делување на навидум спротивставените групи“, истакна Мирјана Најчевска.
Пишува Мирјана Најчевска во колумната „Зошто цвета државниот криминал во Северна Македонија?“, објавена на 18 јануари 2022 година.