• Latest

Критика кон судството и полицијата во Македонија

April 21, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Критика кон судството и полицијата во Македонија

April 21, 2018 12:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Извештајот на Стејт департментот за почитување на човековите права се наведуваат неколку клучни прашања за Македонија поврзани со извештаите за тортура од затворските чувари, мешање во приватноста, насилство врз новинари, недостиг на судска независност, корупција и насилство против лица од ЛГБТИ заедницата. Во Извештајот се вели дека и покрај чекорите што македонската влада ги презеде за истрага и казнување за злоуптреба на службена положба, поседувањето имунитет продолжува да биде проблем.

Според Стејт Департментот СЈО поднело 18 обвиненија против 120 обвинети, отвори 7 истраги против 25 осомничени, започна 142 прелиминарни истраги за очигледно криминално однесување, но проблемот со имунитетот останува.

Судството сè уште е зависно и пристрасно, а судиите предмет на политичко влијание, Народниот правобранител добил само две две жалби за произволно апсење, а голем број случаи од претходните години, посебно на високи функционери, не се решени поради континуираното одложување на судењата се заклучоците наведени во Извештајот. Голем удел, како што е наведено, има и финансирањето на судството што ги попречуваа судските процеси и нивната ефикасност

Што се однесува за 27 април, во извештајот се наведуваат преземените мерки за решавање на случајот.

„Во првата половина од годината, покрената е дисциплинска постапка против 175 полицајци и  шест кривични пријави против вработените во Министерството за кривични дела, вклучително и „злоупотреба на службената положба”, „измама” и „малтретирање при извршување должност”“, стои во извештајот на Стејт департментот.

Во извештајот се посочува дека се нотирани случаи кога полицијата повикала осомничени и сведоци на „информативни разговори” без да ги извести за нивните права и без присуство на правен советник.

Б.Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: извештајкритикаСтејт Департментчовекови права
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result