Во Извештајот на Стејт департментот за почитување на човековите права се наведуваат неколку клучни прашања за Македонија поврзани со извештаите за тортура од затворските чувари, мешање во приватноста, насилство врз новинари, недостиг на судска независност, корупција и насилство против лица од ЛГБТИ заедницата. Во Извештајот се вели дека и покрај чекорите што македонската влада ги презеде за истрага и казнување за злоуптреба на службена положба, поседувањето имунитет продолжува да биде проблем.
Според Стејт Департментот СЈО поднело 18 обвиненија против 120 обвинети, отвори 7 истраги против 25 осомничени, започна 142 прелиминарни истраги за очигледно криминално однесување, но проблемот со имунитетот останува.
Судството сè уште е зависно и пристрасно, а судиите предмет на политичко влијание, Народниот правобранител добил само две две жалби за произволно апсење, а голем број случаи од претходните години, посебно на високи функционери, не се решени поради континуираното одложување на судењата се заклучоците наведени во Извештајот. Голем удел, како што е наведено, има и финансирањето на судството што ги попречуваа судските процеси и нивната ефикасност
Што се однесува за 27 април, во извештајот се наведуваат преземените мерки за решавање на случајот.
„Во првата половина од годината, покрената е дисциплинска постапка против 175 полицајци и шест кривични пријави против вработените во Министерството за кривични дела, вклучително и „злоупотреба на службената положба”, „измама” и „малтретирање при извршување должност”“, стои во извештајот на Стејт департментот.
Во извештајот се посочува дека се нотирани случаи кога полицијата повикала осомничени и сведоци на „информативни разговори” без да ги извести за нивните права и без присуство на правен советник.
Б.Ј.