• Latest

Кривична пријава за Тодоров за „несовесно работење во службата“

April 3, 2018
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава за Тодоров за „несовесно работење во службата“

April 3, 2018 11:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата  за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Кривична пријава, како што соопштуваат од Финансовата полиција, е поднесена и против П.В., раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на  јавните здравствени установи во РМ при Министерството за здравство.

Пријавата се однесува на договори склучени од страна на Министерството за здравство, во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучило договор за изведување градежни и градежно – занаетчиски работи за ЈЗУ Општа болница – Куманово, ЈЗУ Општа болница – Кочани и ЈЗУ Општа болница – Крива Паланка, со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.

– Првопријавениот Т.Н. како министер за здравство и второпријавениот П.В. како одговорно лице на проектот имале обврска да ги почитуваат законските прописи и процедури, согласно склучениот договор имале обврска да ја следат реализацијата на проектот, да постапуваат согласно правата и обврските во договорот, да ги почитуваат условите и роковите наведени во договорот, како и да го следат текот на изведбата како и сите настанати проблеми при изведбата на градежно – занаетчиските работи на објектите, а притоа да ги почитуваат позитивните законски прописи и да се грижат за имотот и Буџетот на Министерството за здравство на Р.Македонија, појаснуваат од Финансовата полиција.

Пријавените, како што се наведува, и покрај тоа што биле запознаени и свесни за ненавременото и неквалитетно извршување на работите од страна на изведувачот Конструктор Инженеринг АД Сплит, во текот на 2011 година, не преземале активности за активирање и наплата, како и не побарале продолжување на рокот на важност на банкарската гаранција во износ од 3.813.000,00 денари за навремено и квалитетно извршување на работите пред истекот на нејзината важност, спротивно на Законот за јавни набавки и договорот со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит.

Поради неисполнување на обврските од договорот, прекршување на рокот за изведување на работите, како и поради неквалитетно извршување на веќе изведените работи, во 2012 година, Министерството за здравство го раскинало договорот со изведувачот Конструктор Инженеринг Ад Сплит. За довршувањето на работите за реконструкција на Општа болница – Крива Паланка, биле спроведени нови постапки по јавни набавки и биле склучени договори со други изведувачи.

Според Финансовата полиција, со пропуштање на активирање на банкарската гаранција и други службени дејствија, пријавените Т.Н. и П.В. несовесно постапиле во извршувањето на своите овластувања и должности, со што го оштетиле Буџетот на Министерството за здравство односно Буџетот на Р.Македонија за вкупен износ од 3.813.000 денари и на ваков начин го сториле кривичното дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в од КЗ на Р.Македонија.


извор: МИА

Tags: кривична пријаваНикола ТодоровОЈО
Share50TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ