• Latest

Кризниот штаб при Стопанската комора досега одговори на повеќе од 2500 повици на компаниите

April 15, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кризниот штаб при Стопанската комора досега одговори на повеќе од 2500 повици на компаниите

April 15, 2020 13:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во Стопанската комора на Македонија и Кризниот штаб при Комората одговорија на околу 2.500 прашања од компаниите во периодот од 25 март наваму од кои најголем дел се однесуваат на детали околу дозволите што ги издаваат работодавачите за движење на нивни вработени поради вршење на сменска и ноќна работа, информираат од Комората.

-Од досегашната комуникација со компаниите, општ е заклучокот дека тие сакаат стриктно да ги применуваат прописите што се во важност. Во услови кога заради околностите многу често се случуваат промени во условите за работа, се носат уредби, економски мерки, одредби во однос на периодот на забрана за движење итн., компаниите имаат потреба да се консултираат за да можат да го приспособат своето работење согласно важечките прописи и измени, велат од Комората.

За голем дел од прашањата, посочуваат, Комората оствари интензивна комуникација и доби појаснувања од Владата и надлежните државни институции.

-По започнувањето со работа на контакт-центарот на Владата интензитетот на јавувања на компаниите во Комората малку се намали, но тие и натаму продолжуваат.  Искуството од досегашната комуникација на Комората во услови на вонредна состојба покажа дека секоја промена што се прави од страна на надлежните институции треба да биде проследена со истовремено носење на соодветните документи што детално ја објаснуваат промената. На тој начин, се намалува потребата од дополнително разјаснување и се олеснува комуникацијата со компаниите, порачуваат од Комората.

Доколку продолжи вонредната состојба во земјава, нагласуваат, продолжува со работа и Кризниот штаб при Стопанската комора на Македонија, како и останатите активности на Комората што се одвиваа во постојните околности.

Стопанската комора на Македонија по воведувањето на вонредната состојба во земјава го приспособи своето работење за да им помогне на компаниите колку што може повеќе. Покрај останатите активности, од 25 март започна да работи и Кризен штаб при Комората.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ