• Latest
Напад на Собрание, 27 април 2017

Крвавиот четврток – пет години потоа, Вархеји за брза деблокада на евроинтеграциите, интересите на децата на прво место

April 27, 2022

Електронскиот попис како поле на судир меѓу политичките партии и етничките заедници

June 30, 2025

Исчезнати лица за време на војната во БиХ: Судбината на околу 7.600 жртви сè уште е непозната

June 30, 2025

24 ЧАСА: Пуштена во употреба делницата Фариш-Дреново, дел од Коридор10д; Русија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО, смета Орданоски; Иран има капацитет за производство на збогатен ураниум

June 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Непопуларноста на Елон Маск достигна рекордно ниво по „раскинувањето“ со Трамп

June 30, 2025
Фото: Скриншот од вифро на CNBC Television

Ворен Бафет донираше рекордни 6 милијарди долари акции од Беркшир на добротворни организации

June 30, 2025

Евробарометар: Над 81 отсто од Европејците поддржуваат постигнување климатска неутралност во ЕУ до 2050 година

June 30, 2025
Фото: Андриј Сибиха / Х

Сибиха до словачкиот колега Бланар: Русија ќе те удри и по другиот образ

June 30, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

June 30, 2025

„Безбедно во лето – вози одморен“, превентивна кампања на МВР и РСБСП

June 30, 2025
Сашо Орданоски
Фотографија: Роберт Атанасовски/ЦИВИЛ

Сашо Орданоски за ЦИВИЛ: И годинава не е на повидок завршување на војната во Украина, а Русија во наредната деценија нема да претставува сериозен воен предизвик за НАТО

June 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Крвавиот четврток – пет години потоа, Вархеји за брза деблокада на евроинтеграциите, интересите на децата на прво место

April 27, 2022 15:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Напад на Собрание, 27 април 2017

Напад на Собрание, 27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Средба Ковачевски – Вархеји: Деблокадата на евроинтеграциите е потреба и моментот е сега

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ, информираат од владината прес служба.

На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот. Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија.

Исто така постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Најавата на Газпром дека еднострано ја запира испораката на гас за клиентите во Европа е уште еден обид на Русија да го користи гасот како инструмент за уцена. Ова е неоправдано и неприфатливо. И тоа уште еднаш ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас. Подготвени сме за ова сценарио. Во близок контакт сме со сите земји-членки“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по најавата на Гаспром за прекин на испораката на гас до одредени земји-членки на ЕУ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

По сето она што го направи руската војска во зоната Чорнобил и во нуклеарната централа Запорожје, никој во светот не може да се чувствува безбеден знаејќи со колку нуклеарни капацитети, нуклеарно оружје и сродни технологии располага руската држава. Ако Русија заборавила што е тоа Чернобил, тоа значи дека е потребна глобална контрола врз руските нуклеарни постројки и нуклеарната технологија, напиша претседателот на Украина, Володимир Зеленски на Фејсбук каде го објави своето вечерното видео обраќање.

Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) како мошне опасна ја окарактеризира руската привремена окупација на нуклеарната централа „Чернобил“, понудувајќи и на Украина помош за поправка на направените штети во централата, пренесува МИА.

„Од 2014 година, Кремљ не штедеше напори да нè лиши од нашиот идентитет, да го уништи нашето наследство, култура, традиции, мајчин јазик, да ја избрише нашата историја и, на крајот, да го уништи нашиот народ“, рече Првиот заменик-министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар.

„Влеговме во фундаментално нова фаза за која никој не ни сонуваше пред два месеца – трансфер на вооружените сили на Украина според стандардите на НАТО. Тоа веќе се случува“, изјави Кулеба.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАСИЛСТВО На 27 април 2017 година, се случи еден од најсрамните напади врз демократијата во нашата земја. Упадот во Собранието на тој ден, „крвавиот четврток“, од страна на организираната група наречена „За заедничка Македонија“ и помогната од пратеници на  ВМРО-ДПМНЕ, беше терористички чин којшто ќе остане  врежан длабоко во севкупната општествена меморија. Хронолошката анализа „Денот кога се изврши обид за убиство на демократијата“ за течението на случувањата околу и на 27 април.

ОБРАЗОВАНИЕ Градинките продолжуваат со редовна работа, СОНК го отфрли постигнатиот договор и го продолжува штрајкот во училиштата.

РКЕ Цевководот што минува низ Бугарија може да служи како транзитен вод за Северна Македонија со што има техничка можност за непречен проток на природен гас кон земјава, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), во врска со најавите од страна на Русија за стопирање на испораката на природниот гас кон Бугарија и дали тоа ќе се одрази во снабдувањето на земјава, пренесува МИА.

ИНТЕГРАЦИИ Османи-Вархеји: Постои замор од постојаното одложување, потребни се храбри одлуки.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ со панел за влијанието на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

ЦИВИЛ ќе ја одржи третата панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“ утре (четврток) 28 април со почеток во 13 часот. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб. Тема на панел дискусијата е „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

Учесници на настанот ќе  бидат  проф. Весна Попоска од Универзитетот „Визион“ – Гостивар,  Зоран Бојаровски  владин советник за медиумски реформи и Филип Стојановски од Метаморфозис.

Екстремното политичко насилство на 27 април 2017 не смее да се заборави, одговорност мора да има

Деновиве, во пресрет на овој датум сме сведоци на бесрамни потсетувања и извртувања на вистината, од страна на истите што се обидоа со насилство да ги попречат демократските процеси во земјата. Тие овој акт на терор го нарекуваат патриотизам, а себеси –„Уставобранители“.

ЦИВИЛ – Центар за слобода потсетува дека на 27 април имаше обиди за убиства, во кои беа физички нападнати политичари кои им беа „трн во око“ на таканаречените „уставобранители“. Тие сè уште бесрамно бараат да не се заборави овој ден, заради нивните „патриотски“ дејствија, кои сега бараат и споменикот на еден од нивните „херои“, Ќосето, повторно да се постави.

И не смее да се заборават актите на терор поврзани со 27 април 2012 година. Тој датум мора да остане врежан во нашата колективна меморија, за да не се повтори.

ЦИВИЛ за (продолжениот) штрајк во образованието: Интересите и добробитта на децата мора да бидат на прво место!

ЦИВИЛ уште еднаш предупредува на штетните последици од (продолжување) на штрајкот во образованието врз развојот на децата. Одлуката на СОНК да го прекине штрајкот и да продолжи наставата, но по одредени притисоци од членството повторно да го продолжи, упатува на политички, односно партиски мотивирано дејствување. Уште посериозен е проблемот што штрајкот веќе до сега ги загрози правата на децата, на што предупреди и УНИЦЕФ, како и ЦИВИЛ во претходното соопштение (Да за повисоки плати, но не врз грбот на децата!).

ДИСТРИКТ

Маневски: Ќе нè биде, секако, ама за ЕУ прво да си ги сработиме нашите домашни

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Војо Маневски – доајен на македнското и еден од брендовите на штипското новинарство, уредник, главен уредник и колумнист зборува за овдешните европски настојувања наспроти нашиот ендемски менталитет, украинската војна наспроти глобалните интереси, бугарската блокада наспроти историските контроверзи, како и по нешто за себе и за други актуелни нешта.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Вториот напад, како што чинам дека се толкува, е врз флексибилноста на оваа влада. СОНК наиде на прилика и „нападна“ во време на криза да ја злоупотреби флексибилноста на владата. Просветарите не покажаа свест и трпение, а владата си покажа самата на себе зошто нејзината флексибилност да им угоди на сите не функционира. Им попушташ на сите и пак не чиниш.

Продолжениот штрајк предизвика револт и во останатите структури, како што се јавната администрација. Сега сите бараат повисоки плати и заради штрајкот повторно на ефикасноста на институциите не гледа никој со внимание, сега е важна платата. Само платата“, пишува Сотир Габелоски во брза пошта „27 април 2017 – напад врз демократијата, 27 април 2022 – напад врз учениците“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ