• Latest

Кржаловски: Фингерпринтот е непотребна и скапа авантура, партиите да ги напуштат националните теми на локални избори

October 21, 2021

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Кржаловски: Фингерпринтот е непотребна и скапа авантура, партиите да ги напуштат националните теми на локални избори

October 21, 2021 12:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Воведувањето фингерпринт апарати беше непотребна и скапа авантура, овие избори се најдобро спроведените до сега имајќи предвид дека сите учесници во процесот ги прифатија резултатите, но постојаното појавување на претседателите на партиите по митинзите на кандидатите за градоначалници и нивното истакнување на теми на национално ниво, си го направија своето. Препораките веројатно нема да се почитуваат, според тоа што самите партии ни во првиот круг не ги почитуваа сопствените определби за фер и позитивна кампања, и потпис на кодексот за однесување во кампањата, вели Александар Кржаловски од МЦМС, во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.
ЦИВИЛ МЕДИА: Која е вашата оценка за изборниот процес на локалните избори, во целина?

Кржаловски: Изборите поминаа релативно мирно, со натамошен напредок во однос на претходните изборни циклуси. Воведувањето на проверката на отпечатоци на прсти, иако предизвика доста проблеми и коментари во текот на изборниот ден, се чини не беше посебна пречка во остварувањето на избирачкото право. Сепак, се чини дека и не се постигна главната цел заради која беа воведени, да осигура дека нема да има злоупотреба на процесот на гласање (со повеќекратно гласање на исти лица и слично). Ако се земе предвид и цената на целата оваа операција (речиси 12 милиони евра) се чини дека беше сосема непотребна и секако прескапа авантура.
Иако повеќето учесници во изборите прогласија своја изборна победа во текот на вечерта на денот на изборите, немаше посебни критики на изборниот процес и генерално, сите партии ги прифатија резултатите како реален одраз на волјата на граѓаните. Со само 13 приговори до ДИК, се чини дека имавме најдобро спроведени и неспорни избори до сега.
Резултатите се релативно изненадувачки. Исходот во корист на ВМРО-ДПМНЕ беше предвиден во неколку анкети, но далеку пред изборите, додека тоа што беше објавувано во месецот пред изборите навестуваше предност за СДСМ. Во секој случај, размерот на предноста во освоени гласови (над 50,000) и градоначалнички места (22:9) е далеку над очекувањата и сосема обратно од најавите на премиерот (22:6 за СДСМ во првиот круг). Исто така, релативно изненадување е и големата предност на ДУИ (скоро двојно во број на гласови) пред Алијанса/Алтернатива… откако вториве речиси ги достигнаа ДУИ на претходните парламентарни избори.

ЦИВИЛ МЕДИА: Каква е вашата оценка за текот на изборниот процес во првиот круг?

Кржаловски: Изборниот процес беше стандарден, без многу креативност и нови и изненадувачки моменти во кампањата, а за жал се повторија и негативните кампањи од водечките партии и покрај најавата дека ќе се воздржат од такви активности. Иако се работи за локални избори, појавувањето на претседателите на партиите секојдневно на митинзите од кампањата, како и нивното истакнување на темите од национално ниво, придонесоа за ваквите резултати… генерално, казна на актуелната владејачка партија СДСМ заради пропустите, лошите политики и особено перформансите на национално ниво, како и заборавањето на одговорноста (во повеќе случаи и скандали).

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите препораки за политичките учесници во изборите, во вториот круг?

Кржаловски: За жал, резултатот од првиот круг и можноста за (пак) целосна доминација на едната од големите две партии, создава атмосфера на „се или ништо“, што веројатно ќе се рефлектира во жестоки нарации против политичкиот опонент на митинзите во овие две недели до вториот круг на 31.10. Веројатно ќе засили и негативната кампања, навредите кон кандидатите и обвинувањата за се и сешто. Што и да се препорача, тешко дека ќе се почитува, кога самите партии ни во првиот круг не ги почитуваа сопствените определби за фер и позитивна кампања и потпис на кодексот за однесување во кампањата.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ