• Latest

Кулминација на незадоволството и гневот на граѓаните од клептократско-тоталитарната власт!

April 12, 2017
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кулминација на незадоволството и гневот на граѓаните од клептократско-тоталитарната власт!

April 12, 2017 15:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Шарената револуција постигна многу, затоа што ја покажа вистинската слика на ‘Шарена Македонија’, односно, на нејзините граѓани кои без разлика на нивната политичка, етничка, религиозна и родова припадност се одважија и неуморно протестираа секој ден, четири месеци, за конечно да се отвори патот, нашите деца да можат живеат во една нормална, цивилизирана и просперитена земја, наспроти денешниот темен вилает во кој живееме!“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Игор Поповски – Жискар, учесник на Шарената револуција и синдикален активист

„Денеска ја одбележуваме првата годишнина од серијата протести на Шарената револуција кои спонтано избувнаа преку повици на социјалните мрежи, на 12 април 2016, поради безобзирната, срамна и противуставна одлука на претседателот на Република Македонија, да аболицира 56 лица, меѓу кои и највиновните за она што се случува во земјата во последната деценија. Таа одлука беше во насока да ги ослободи лицата осомничени за криминалните дела, кои се предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство, а работата на оваа институција да ја направи беспредметна. Затоа, протестите симболично започнуваа секој ден во 18 часот, токму пред канцеларијата на СЈО“, ни изјави активистот Поповски.

„Шарената револуција е, всушност, кулминација на бранот незадоволство и гнев на граѓаните од клептократско-тоталитарната власт која владее со Македонија веќе еднаесет години и ја претвори земјата во заробена држава, каква што е окарактеризирана и во извештаите на ЕУ. Овој бран практично се засили во последниве две и пол години, почнувајќи од студентските протести кон крајот на 2014, преку протестите за одбрана на ГТЦ и протестите на хонорарците, се до протестот на 5 мај 2015, кој особено треба да се истакне затоа што скопјани крвнички беа тепани од полициските специјалци, припадниците на ЕБР, до масовниот граѓански протест, одржан на 17 мај 2015“, изјави Поповски за ЦИВИЛ Медиа.

„Шарената револуција донесе неколку промени, но битно е дека се разбуди граѓанска свест и дека претседателот Ѓорѓе Иванов ја повлече аболицијата. Во Шарената револуција имаше доста различности, шареноликост, различни знамиња и тоа заедништво се одрази и за време на изборите, кога за првпат, етнички Албанци гласаа за македонска партија“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, граѓанскиот активист, Замир Мехмети.

Професорот д-р Бранимир Јовановиќ, една од жртвите на полициското насилство за време на протестите на скопските улици, минатата година, во освртот за Шарената револуција, една година потоа, во „Призма“ напиша дека „протестите лани беа шарени, не само заради боењето на спомениците и заради знамињата во разни бои. Беа шарени во својата суштина, зашто на нив имаше луѓе со разни идеолошки убедувања, од различни политички партии, од различни националности и какви било други припадности. Протестите сега се црвено-жолти. На нив доминираат македонски знамиња, пред сѐ она од Вергина. Демонстрантите се речиси целосно блиски до ВМРО-ДПМНЕ, а етнички малцинства речиси и да нема. На протестите редовно се пее против ‘клетите Шиптари’ и се скандира ‘чиста Македонија’… Тоа се тие две Македонии. Едната, во која луѓето слободно прават што сакаат, другата во која луѓето се сведени на партиски послушници кои мораат слепо да ги следат наредбите на Пастирот. Едната, во која граѓаните се борат против криминалите и за владеењето на правото, другата, во која луѓето се третирани како месо кое треба да ги брани криминалите на своите лидери. Едната, во која различните бои се надополнуваат и засилуваат во совршена хармонија, без да се претопуваат во едно. Другата, во која сите бои се претопуваат во црвено-жолтата комбинација, во која државата е главна, а единката – небитна’.

Во тој контекст, еден од шарените револуционери кој беше меѓу најзастапените на социјалните мрежи, Замир Мехмети, за ЦИВИЛ Медиа, изјави: „За разлика од денешните ултранационалистички и шовинистички протести, каде што се скандира ‘Чиста Македонија’, во Шарената револуција имаше почитување и разбирање за сите етнички, верски или други заедници. Во овој момент, имаме кристално чиста ситуација, во која се знае кој е победник и кој треба да состави влада, меѓутоа нормалното – стана ненормално. Сега, ситуацијата не смее да излезе од контрола и граѓаните кои беа дел од Шарената револуција треба да бидат стрпливи и да не излезат на улица“,

На прашањето што постигна Шарената револуција, Поповски ни изјави дека одговорот би можел да биде – многу и малку.

„Малку, ако се спореди квантитативно – колку од барањата на Шарената револуција беа исполнети, а колку неисполнети. Ќе наведам еден драстичен пример, чии последици нè засегаат и загрижуваат денес. Иванов ја повлече аболицијата, но не поднесе оставка, напротив, тој донесе уште една противуставна одлука да не го додели мандатот на оформеното и „сертификувано” парламентарно мнозинство, по изборите од 11 декември 2016, што заедно со целосната блокада од парламентарно малцинство на изборот на претседател на Собранието и изборот на новата Влада, ја втурна земјата во многу подлабока институционална и политичка криза, во споредба со онаа лани. Другото ‘малку’, е тоа што не успеавме да ја претвориме Шарената револуција во едно движење кое ќе претставуваше коректив и константно предупредување за секоја идна власт во Македонија, да не се осмели никогаш повеќе – ниту да размислува да воспостави ваков авторитарно-клептократски режим во нашата земја. Можеби овој неуспех се должи на централизираниот начин на организирање на протестите и на неинклузивноста во донесувањето на одлуките и барањата, за разлика од начинот на организацијата на францускиот пандан на Шарената револуција – „Nuit debout”, смета Поповски.

Според професорот Јовановиќ, „криминалците не се праќаат самите себеси в затвор. Во ситуација кога државата е заробена, власта мора да се земе, а не да се добие. Доколку ја научивме последнава грешка, има надеж…“

Според соговорникот на ЦИВИЛ Медиа, Поповски, „Шарената револуција, од друга страна, постигна многу, затоа што ја покажа вистинската слика на Шарената Македонија, односно, на нејзините граѓани кои без разлика на нивната политичка, етничка, религиозна и родова припадност се одважија и неуморно протестираа секој ден, четири месеци, за конечно да се отвори патот, нашите деца да можат живеат во една нормална, цивилизирана и просперитена земја, наспроти денешниот темен вилает во кој живееме. Оттука, духот на Шарената револуција е неуништив и ние нејзините чинители сме тука и порачуваме: ‘Борбата продолжува!’“, дециден е Поповски.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Чиста Македонија“две МакедонииЈовановиќМехметимногу и малкуПоповскиПротестиШарена Македонијашарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ