• Latest

Култура за време на корона кризата, борба на културните дејци

December 3, 2020

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Култура за време на корона кризата, борба на културните дејци

December 3, 2020 17:14
in ВЕСТИ, КУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалот на слободата во организација на ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права вчера ја организираше панел дискусија на тема „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“, во хотел Парк Резиденс.

На панелот говорници беа Јасмина Никуљска од Министерство за култура, Оливер Белопета, Скопје џез фестивал, Ирена Стеријоска, режисерка, Никола Наумоски од Град Скопје и Трајко Симоновски, музичар, Здружение на музичари „Музика сега“.

„Короната зададе огромен удар врз културата, но прашањето дали културата е мртва одговорот е децидно – не. Се соочивме со многу проблеми еден од најглавните беше пандемијата и корона во културата. Затекнавме нереализирани проекти, од март беа застанати, за среќа можам да кажам и покрај промената на Владата и министрите самите уметници и националните установи го искористија многу добро летото и отворениот простор и оргазнизираа многу настани и покрија дел од програмата“, истакна Јасмина Никуљска од Министерство за култура.

Таа додаде дека изминатото лето со големи вложувања беа организирани многу настани, како Охридско лето, Струшки вечери на поезијата, Синедејс, Скопскиот џез фестивал, со огромни напори оствари дел од програмата, да собере публика.

Оливер Белопета, Скопје џез фестивал истакна дека останале упорни во најтешкиот период во октомври и ноември да успеат да го организираат фестивалот. 

„Не се следи доволно состојбата на овој план во Европа, малку знаеме какви се регулативите во Европа и какви беа летоска, од тој аспект можам да кажам дека кај нас летово имавме најлиберални мерки за културата, во споредба со цела Европа, а сега во Европа културата е затврорена. Имаме најлиберални мерки кои немам намера да ги критикувам, мислам дека од овој аспект од донесување на регулативите за летото и настани во затворени простори, одигра значајна улога да културата сепак максимално остане отворена“, истакна Белопета.

„Јасно е дека во однос на целата жива уметност, не трпиме многу удари од аспект на креативност, не постои тежок период кој не се преживеал, па да се збори за истиот, не мислам дека сме загрозени на долг рок. Јас очекував повеќе активности и вклучување од институциите“, изјави Ирена Стеријовска.

Таа додаде дека институциите биле заспани и дека требало да организираат некакви иницијативи.

„Периодов со корона кризата беше катастрофален, бидејќи јас имам сериозна музичка кариера, но бев доведен во ситуација во последните 6-7 месеци да бидам без никакви примања, сега веќе дојде „нож под грло“, немавме друг избор туку да поправиме една грешка, а тоа е да организираме здружение кое ќе се погрижи за правата на музичарите“, истакна Трајко Симоновски.

Ние како здружение, вели Симоновски, сме многу задоволни за колку кратко време стигнавме да разговоараме со институции, како на пример со претседателот, тој се потруди да ни помогне, но тоа е отприлика тоа, разговаравме со Алаѓозовки, а средбата со Битиќи не се оствари.

Никола Наумоски од Град Скопје истакна дека целата криза со корона била тешка, Владата правела промени за да може да пренамени средства за културни институции. 

„Култура во време на корона не ги раздели парите на тие кои учествуваат, туку на тие кои се невработени, музичарите солидарно свиреа и изведуваа за своите членови. И така успеавме да организираме преку 50 настани во осум скопски општини, исплативме 200 луѓе во првите моменти на короната, ние успеавме на овие луѓе да им најдеме решение“, истакна Наумоски.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ