Categories

УМЕТНОСТ Културен мост меѓу Грција и Македонија

Со цел развивање и продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Грција, уметниците од двете земји учествуваа во ликовна колонија „Културен мост“, од 30 јуни до 5 јули 2018 година, во  Струга. Заедничка изложба на учесниците на колонијата  ќе биде отворена на 6 јули 2018 година во репрезентативниот уметнички објект “Чифте Амам” во Националната галерија на Македонија.

Здружението на граѓани “Концепт” ја презеде иницијативата за уметничката колонија “Културен мост”, а во работата на колонијата се вклучени грчките уметници Марк Хаџипатерас, Харалабос Кацацидис, Агелос Скуртис, Корнелиос Грамменос, Антигони Каввата и Ели Гравалу како и македонските уметници: Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Шкипе Мехмети, Исмет Рамичевич, Натали Николовска и млади сликари од Струга.

Со проектот “Мост на култура”, здружението на граѓани “Концепт” од Скопје се обиде да даде свој придонес за заложбата за добрососедски односи, пријателство, соработка и комуникација помеѓу уметниците од двете земји, како и во развивање и продлабочување на културните односи меѓу Македонија и  Грција.

Уметничката колонија “Културен мост” е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Фотографии: Александрос Стаматиу

Print Friendly, PDF & Email