• Latest

Културната интеракција меѓу Македонија и Бугарија е спас од политичките хистерии: Што ќе посееме, тоа ќе жнееме

February 3, 2023
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
Изгорениte остатоци од возило во кое се наоѓале новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, кои беа убиени во руски напад со дронови врз Краматорск на 23 октомври. Фото: Гувернер на Донецката област, Вадим Филашкин/Телеграм

Двајца украински телевизиски новинари убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск

October 23, 2025
CCTV камерите го снимија моментот на експлозијата во Копејск во близина на Чељабинск, Фото: Астра/Телеграм

Масивни напади на украински дронови на руска територија: Пожар во рафинеријата во Рјазан, прекин на електричната енергија во Белгород,10 мртви во експлозија во фабрика за муниција во Урал

October 23, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Културната интеракција меѓу Македонија и Бугарија е спас од политичките хистерии: Што ќе посееме, тоа ќе жнееме

February 3, 2023 14:24
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

СТОЈАН СИНАДИНОВ

Политичките односи меѓу Македонија и Бугарија деновиве доживеаја хистерична ескалација по најавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД и неговите приврзаници дека на 4 февруари ќе дојдат да го „ослободат“ гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 151-годишнината од неговото раѓање и верижната реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзаници со најавата за формирање „херојски стражи“ за негова одбрана.

Откако Европската Унија и САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови, со мирно и достоинствено чествување на Гоце Делчев како почеток, сведочиме на стишување на зовриената политичка атмосфера. Но, има(ло) ли „живот“ во македонско-бугарските односи надвор од националистичките бастиони? ЦивилМедиа ги запраша македонските уметници и книжевни издавачи за нивните искуства.

Комуникацијата меѓу филмаџиите резултира со десетината копродукции во последниве години

Игор Иванов-Изи, филмски и ТВ режисер и сценарист за неговите искуства во реализирањето на филмските и телевизиските проекти „Хомо“, и „Преспав“ со продуцентите, актер(к)ите и воопшто филмските професионалци од Бугарија вели дека филмот е занает и уметност и правењето филм подразбира здружување околу заедничка идеја и заеднички сон.

– И тука нема простор за ликови што имаат потреба да пишуваат историја и некому да кажуваат кој е и што е.  Филмот е нешто друго, една сосема друга културна средина. Во мојот последен филм „Хомо“ јас сум презадоволен од соработката со Јоана Буковска, прекрасна грациозна актерка од висок „маштап“, од продуцентката Галина Тонева, од која добивме и врвен тим каскадери од Бугарија, екипа за снимање на звук и „грип“ тим и опрема. Со сите овие колеги имавме извонредна соработка. Слично беше и на Тв серијата „Преспав“,како и на други филмови, серии и реклами, вели тој.

Фото: Игор Иванов-Изи

Иванов и како актуелен претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) вели дека интенција на асоцијацијата е да гравитираат кон европските филмски институции и струкови здруженија.

– ДФРМ активно членува во водечките асоцијации на режисери, продуценти и кинематографери. Таму, како и со сите останати филмаџии, се среќаваме и со колегите од Бугарија и нашата комуникација е извонредна, а доказ за тоа се десетината копродукции во последниве години помеѓу двете кинематографии.

Ненад Стевовиќ, главен и одговорен уредник на издавачка куќа „Или-Или“, вели дека нивната соработка со бугарските автори и литературни агенции е сосема нормална, независно од тоа какви се односите меѓу нашите земји.

–Георги Господинов е еден од омилените автори во Македонија, неодамна гостуваше во Скопје и се беше во прекрасна атмосфера. И Владимир Зарев гостуваше тука и впечатокот беше ист. Ја објавивме и книгата „Кон езерото“ од Капка Касабова (интимна документаристичка проза за Охридско и Преспанско езеро) и наидува на убав интерес. Сигурен сум дека и другите наши издавачи ги делат истите искуства, смета Стевовиќ.

Фото: Ненад Стевовиќ

Тој посочува дека бугарските автори и преведувачи гостуваат во Македонија на резиденцијални книжевни престои, промоции и слично, и тука нема никаков проблем.

– Во обратна насока, само од книгите што се објавени во „Или-Или“ на бугарски јазик се преведени Лидија Димковска, Оливера Ќорвезироска, Фросина Пармаковска, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Живко Грозданоски, Михајло Свидерски…значи ова се само автори што објавиле во „Или-Или“, а бројката е многу поголема. Иван Шопов неодамна доби прва награда за хумористичен расказ на конкурсот објавен во Бугарија. Повеќето од нив биле на промоции и разни книжевни престои во Бугарија и до мене не допрело никакво негативно искуство од нивна страна, туку сосем спротивно, заклучува Стевовиќ.

Балкански авторски сродници

Писателот Александар Прокопиев минатиот септември беше учесник на „Ноќта на европската литература“ што се одржа во 11-ти пат во 18 градови во Бугарија – манифестација на која културната јавност се запознава со прозата и поезијата од Северна Македонија, Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Полска, Шведска, Норвешка, Украина и Чешка. Меѓу гостите имаше писатели, интелектуалци, млади луѓе, дипломати…

Фото: Александар Прокопиев на промоција во КИЦ на Северна Македонија во Софија

Прокопиев, кој ја претстави својата книга „Човечулец“ преведена на бугарски јазик под насловот „Човек во стаклено шише“, во издание на издавачката куќа „Книги за секого”, вели дека неговото балканско искуство со промоции на негови преведени книги отсекогаш било пријатно, и од авторска, и од човечка страна.

– И неодамнешната промоција во Софија, во склоп на „Ноќ на европската литература“, една традиционална значајна манифестација во чест на книгата, беше облагородена со низа посетени средби со читатели, организирани од издавачот „Персеус“ и со голема организаторска помош на директорот на македонскиот Културно-информативен центар, проф. д-р Сашко Насев. Би нагласил дека токму од таа писателско-човечка сродност имам двајца автори од Бугарија, Алек Попов, кој ја промовираше книгата, и Георги Господинов, со кои сум долгогодишни пријатели. Воопшто кругот на моите балкански (Србинот Владислав Бајац, Хрватот Миљенко Јерговиќ, Албанецот Башким Шеху…) и европски сродници е граден со меѓусебно уважување на нашата литература, што потоа прерасна во пријателство и другарство. Што ми е извонредно важно, вели Прокопиев.

Националната Опера и Балет веќе на 7 февруари гостува со балетот „Госпоѓиците од Авињон“ во Пловдив. Васко Ристов, директор на Националната Опера и Балет, вели дека односите со институциите од културата во Р. Бугарија се одлични.

Фото: Васко Ристов

– Имавме гостување на 29 јуни минатата година во Варна со нашиот балет. Претставата ни беше одлично примена, со многу овации од публиката. Во Софија исто така имавме гостување со Балетот на почетокот на Јули, прекрасна претстава и воодушевена публика. Балетот од Варна гостуваше кај нас на 7 октомври, одлично беа примени од нашата публика. Сега на 7 февруари повторно гостува нашиот Балет во Пловдив, а Балетот од Пловдив реципрочно ќе ни возврати гостување на 17 февруари годинава. Како рекол Гоце Делчев – „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар мегу народите“, потенцира Ристов.

Во духот на таа најпозната максима на Гоце Делчев би можеле само да парафразираме една народна изрека: Што ќе посеме, тоа ќе жнееме!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ангел ЏамбаскиБугаријаГоце Делчевкултурна интеракцијаМакедонијаполитикаСв. Спас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ