Младински фестивал „Куманово има млади таленти“ ќе се одржи денеска во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во тој град.
Фестивалот е во организација на Центарот за интеркултурен дијалог, а ќе се реализира во рамки на програмата „Активни граѓани“ на Британскиот совет.
На Фестивалот ќе учествуваат млади и претставници на граѓански организации. (МИА)