• Latest
Јавен настан на ЦИВИЛ во Куманово, 8 мај 2019

Куманово порача: мир, толеранција, пријателство – да, екстремно насилство – не!

May 11, 2019

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Куманово порача: мир, толеранција, пријателство – да, екстремно насилство – не!

May 11, 2019 13:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Јавен настан на ЦИВИЛ во Куманово, 8 мај 2019

Јавен настан на ЦИВИЛ во Куманово, 8 мај 2019

Share on FacebookShare on Twitter

Мултимедијалниот настан „Заедно за иста цел“ што се одржа во Куманово, понуди многу визуелно креативни решенија како младите размислуваат на темата насилен екстремизам. Изложбата, сценскиот настап на драмскиот клуб на Гимназијата „Гоце Делчев“, како и насмевките на ученичките и учениците што беа наградени како најуспешни на конкурс за ликовни творби, присуството на нивните ментори, професори и наставници, како и на претставници на локалната самоуправа и полицијата придонесоа за една одлична атмосфера, нови пријателства и идеи за понатамошна соработка.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во своето обраќање потенцираше дека екстремизмот претставува потенцијална опасност за мултиетничките средини како што Куманово. Тој им изрази благодарност на сите ученици и ученички во проектот, на ЦИВИЛ за добрата завршена работа, како и на сите владини и невладини структури што дадоа придонес на локано ниво во борбата против насилниот екстремизам.

„Навистина е големо задоволство и чест кога ќе ставите потпис на еден лист хартија и ќе потпишете еден Меморандум за соработка со некоја од невладините организации, по одреден временски период имате една ваква валоризација на истото преточено во конкретен пример. Голема благодарност за сите креативни ученички и ученици што се одважија  под лидерство на своите ментори и мотивирани од своите директори да се вклучат на еден ваков конкурс и да испратиме заеднички пораки. Куманово од секогаш бил  град пријател на мирот и покрај тоа што живееме во општина која што во своето постоење има една бурна историја, сепак го помниме како град на големи и мирни решенија во историјата“, изјави Димитриевски.

Виолета Богдановска, претставник на Отсекот за превенција при СВР Куманово, го истакна своето задоволство од соработката со ЦИВИЛ и со општината, но пред сè со младите кои покажаа дека светот, помирен и посветол, останува на нив во заедничко креирање на безбедна средина за живот.

„Да се биде екстремен може да се биде и во музиката, културата, спортот, но кога е со добра цел и е во рамки на она што е во границите на дозволеното е добро, меѓутоа кога тоа е придружено со насилство имаме и законска одговорност Целта на сите нас овде е ваквите работи да бидат спречени и да имаме безбедна средина за живеење, за работа и да се заштитат младите од последиците од секаков вид на насилство, особено кога се работи за насилен екстремизам… Ние во нашето работење настојуваме да се слушне гласот и мислењето на секој за тоа како поефикасно да се справиме со ваквите појави и како најдобро да упатиме порака. Всушност, младите се тие што навистина креативно и со убави идеи ги даваат. Ако се водиме по она дека светот останува на младите, тогаш навистина ни чека убава иднина. Младите што учествуваа во овој проект по 10 минути појаснување што сакаме со проектот да постигнеме, навистина покажаа преку своите дела на кој начин сакаат да се справат со насилниот екстремизам“, изјави Богдановска.

Националниот координатор за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски, им изрази благодарност на сите што ја препознаа соработката со оваа владина институција како начин за поефикасна борба против сите форми на екстремизам што може да доведе до радикализација и тероризам.

„Она што посебно ме радува во сите наши активности се вклучуваат не само владините туку и невладините организации, особено локалната самоуправа која максимално го подржува она што ние го работиме во делот на подигнување на јавната свест, а со една единствена цел градење на една силна и отпорна заедница која ќе биде гарант за спречување на насилниот екстремизам и процесите што можат да водат кон радикализација“, изјави Петревски изразувајќи верба дека настанот на ЦИВИЛ ќе биде поттик и за локални заедници низ исти или слични активности во заедничката борба против насилниот екстремизам.

Во своето обраќање, како претставник на ЦИВИЛ, Џабир Дерала истакна дека Куманово е пример за град кој преку мир и пријателство ги решава конфликтните ситуации, но и се соочува со предизвиците што секојдневно ги носи опасноста од насилниот екстремизам. Дерала им се заблагодари на младите чии идеи и креативност се сведоштво за големината на нивната мисла против насилството.

„Пораките што младите ги упатија на креативната работилница, мене како возрасен човек, навистина ме замислија и ме убедија дека тие можат овој град да го туркаат напред и да бидат пример и на останатите во државата… Можеби постојат многу причини за луѓето да бидат гневни, нервозни, разочарани, но нема ниедна, апсолутно ниедна причина својот гнев, револт, протест да го изразат преку насилство. Ние со овој проект сакаме да понудиме алтернатива која е во согласност со почитувањето на човековите права и слободи… “, изјави Дерала укажувајќи на потреба и желбата навистина проектите, како што го виде ЦИВИЛ, можат реално да придонесат во борбата против насилниот екстремизам.

Мултимедијалниот настан беше проследен со видео проекции, музика, како и сценски настап на учениците од гимназијата, доделување на награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби и благодарници на учесниците во проектот за нивните активности и придонесот во борбата против насилниот екстремизам.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Маја Ивановска

Share28TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ