Во услови на конвенционалната војна што се води против Украина, руските хибридни операции остануваат надвор од глобалниот фокус, затоа е неопходно да се разработи проактивна стратегија за подобро спротивставување на руските хибридни акции, вели Курт Волкер, поранешен специјален претставник на САД за преговори за Украина, кој разговарал со Гилдхол, пренесува Укринформ.
„Најпрво би сакал да кажам дека сте сосема во право (руските хибридни активности се надвор од фокусот и треба да им се спротивставиме во паралелни линии – ед.). Русија има целосен концепт за војна“, рече Волкер.
Дипломатот истакна дека не се работи само за артилериски оган, туку и за економски притисок, операции против извозот на Украина, енергетскиот сектор и информативниот простор. Тој, исто така, потсети на напорите на Русија да ја подели Европа, вклучително и преку енергетска уцена, како и да се меша во САД.
Украина и нејзините западни сојузници и партнери треба да имаат своја стратегија и да размислуваат „ширум целиот спектар“.
„Мислам дека нашиот ум сè уште не е во овој режим, но ова е она што треба да го направиме“, смета Волкер.
На прашањето дали треба да се прошири спротивставувањето на руските хибридни операции, Волкер одговори потврдно, додавајќи дека „не би го бркал секој зајак по секоја дупка“.
„Наместоtoa, би размислувал стратешки – што е тоа што е важно и како имаме сопствена проактивна стратегија за да го унапредиме тоа“, рече Курт Волкер.
Подготви: Д.Мишев