• Latest

Курти: Србија подготвува нов терористички напад врз Косово

December 23, 2023

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Курти: Србија подготвува нов терористички напад врз Косово

December 23, 2023 22:48
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека во Србија се подготвува нов терористички напад во северно Косово, откако оној на 24 септември во Бањска кај Звечан доживеа целосен неуспех, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, Курти рече дека нападот го подготвува поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за организирањето и водењето на нападот во Бањска.

Според информациите на Агенцијата за контраразузнавање на Косово, рече косовскиот премиер, групата која се подготвува да го изведе новиот напад, се обучува во објектот на фирмата „Јаблановица“ во Рашка, во Србија, на границата со Косово, а на истото место е доставено и оружјето што се планира да се користи во нападот.

Надницата за припадниците на српската група, која има за цел да предизвика дестабилизација на Косово, според Курти, изнесува две илјади евра месечно.

Косовскиот премиер рече дека зад дејствијата за дестабилизација на Косово стои претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за кого тврди дека лично го најавил нападот од 24 септември, за време на посета на фирма во Нови Пазар, која ги изведувала работите на патот од тој град до Рашка.

– Во просториите на фирмата „Нови Пазар Пут“ беше објавена наредбата за нападот од 24 септември, планиран и организиран од српската држава. Возилата и оружјето се наоѓаа на таа локација. Оваа фирма, која е санкционирана од САД, е на браќата Веселиновиќ и на Радоичиќ, а директор е (Александар Грбовиќ) „Грба“, кој учествувал во војните на Косово, Босна и Хрватска, а бил и директор на затворот во Ниш. Еден месец пред нападот во Бањска, оваа фирма ја посети Вучиќ, за свечено да ја отвори изградбата на патот Рашка-Нови Пазар. Тој ја пофали работата на изведувачот и го нарече „најбрзиот човек“ и три месеци однапред му го честита и отворањето на патот. Таму Вучиќ рече дека е тешко да се најде решение со луѓето од Косово, мислејќи на мене. Тој таму обвинуваше за наводен напад, бидејќи самиот подготвувал напад. А, тоа и се случи на 24 септември, рече Курти.

Тој истакна дека Радоичиќ по нападот, иако ја признал одговорноста, во рекордно време бил ослободен од српскиот суд и сега подготвува нов напад со целосна поддршка од Српската разузнавачка агенција (БИА).

– Тој сега организира други напади со членовите на (нелегалната организација на косовските Срби) Цивилна заштита. Одржува средби со БИА, просториите на фирмата Јаблановица во Рашка се користат како засолниште и за складирање возила и експлозивни направи за идни напади на Радоичиќ и неговата група. Во оваа зграда се сместени припадници на Цивилната заштита кои вршат набљудувања, а инструктор им е Угљеша Јарениќ. Тие се сместени таму, а освен сместувањето им се плаќа и по околу 2 илјади евра месечно, рече Курти.

Tags: КуртинападРадоичиќСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ