Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа додаде дека за лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.
„Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека е „отсјај“ од светлото.
Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза.
Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник“, вели Кузеска.
Таа нагласи дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, односно неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на оваа партија.
„Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.
Мицкоски треба да знае – времето на привилегирани, на затворање на случаите со притисоци по телефон, заврши.
Истрагата на МВР е во тек и продолжува. Истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила се забраните против коронавирусот и кога се затворени ваквите објекти, и дали има одговорност.
Сепак, ќе остане запаметено дека за време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски се однесуваше крајно неодоговорно, несериозно и незрело.
Таа додаде и дека СДСМ е одговорна партија, и сакаат компромис и затоа учествуваа на лидерските средби.
„Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор за одржување на Предвремените Параламентарни избори е можен се додека трае вонредната состојба. Понатаму стапува на сила законот кои вели дека изборите треба да се одржат на 21 јуни. Ние мора да водиме грижа за сите аспекти, грижа за државата, за здравјето на граѓаните и секако да се обезбедат функционални институции. Нанесеме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да ја воведеме во уставна криза“, истакна таа.
Д.М.