• Latest

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025 15:46
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, во интервју за ЦивилМедиа, говори за најновиот развој на ситуацијата, особено по случувањата на Самитот на НАТО во Хаг, злосторствата на рф поврзани со киднапирањето, депортацијата и русификацијата на украинските деца нотирани на Парламентарното собрание на ОБСЕ, предизвиците со кои се соочува Украина на патот за членство во ЕУ, како и за соработката и силните врски помеѓу Украина и Северна Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Самитот на НАТО во Хаг ги оправда очекувањата на Украина?

ЛАРИСА ДИР: На Самитот на НАТО што се одржа минатата недела во Хаг учествуваше украинска делегација предводена од Претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој учествуваше, меѓу другото, на состаноците Украина+НАТО+ЕУ, Украина+НАТО+Е5 (Обединетото Кралство, Германија, Полска, Франција), на Форумот на одбранбени индустрии и одржа низа билатерални средби.

Во секојдневниот живот, очекувањата најчесто ги поврзуваме со постигнување на посакуваните резултати.

Ако земеме максималистички пристап, тогаш за Украина тоа би значело полноправно членство во НАТО, што – за жал – не беше разгледувано за време на овој Самит.

Сепак, вредни се заклучоците и договорените активности наведени во Декларацијата усвоена по Самитот:

  • државите-членки на НАТО ќе продолжат да ја поддржуваат Украина како држава што е неразделив дел од евроатлантската безбедност;
  • до 2035 година, државите на Алијансата треба да постигнат ниво на годишни одбранбени трошоци од 5% од БДП, при што во тие пресметки ќе бидат вклучени и директните придонеси за поддршка на одбранбените капацитети на Украина и развојот на нејзиниот одбранбено-индустриски потенцијал.

Зошто е сето тоа важно?

Одговорот е еден – рф продолжува со неиспровоцирана воена агресија, при што е нотирано дека русија претставува долгорочна закана за безбедноста на Алијансата.

Активизацијата на офанзивни операции од страна на рф и неподготвеноста за прекин на војната го поттикнуваат НАТО да ја зајакне сопствената одбрана и да ја потврди поддршката за Украина.

ЦИВИЛ МЕДИА: Претседателот на Украина Володимир Зеленски неодамна донесе одлука за излез на Украина од Оттавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини. Што значи тоа за Украина?

ЛАРИСА ДИР:  Да почнеме од спротивното – што значи за Украина, во услови на воена агресија од страна на рф, совесно да ги почитува меѓународните обврски од Оттавската конвенција?

Таквиот пристап, таквата реалност, го ограничува сувереното право на Украина на самоодбрана, загарантирано со член 51 од Повелбата на ОН.

Од друга страна, рф, која не е потписничка на Оттавската конвенција, масовно користи противпешадиски мини како средство за водење агресивна војна против Украина.

Украина е приморана да ја донесе оваа одлука, имајќи предвид дека има фронтска линија подолга од 1000 километри, а цивилното население секојдневно е подложено на ракетни и дронски напади.

Дури и држави кои не се во војна со рф – како Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Финска – на политичко ниво веќе донесоа одлуки за итен излез од Оттавската конвенција.

Украина ја потпиша и ратификуваше оваа Конвенција пред почетокот на вооружената агресија од страна на рф – агресија што резултира со масовна смртност и уништување на украински градови.

Со други зборови, оваа одлука за излез од Конвенцијата претставува одговор на вооружената агресија, зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и заштита на украинските граѓани од убиствата и злосторствата на рф.

ЦИВИЛ МЕДИА: Пред неколку дена, за време на годишната сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, беше објавен извештајот на шведската пратеничка Карина Одебринк во врска со злосторствата на рф поврзани со киднапирањето, депортацијата и русификацијата на украинските деца. Како реагира Северна Македонија на овој злостор на рф?

ЛАРИСА ДИР:  Да, во рамките на Парламентарното собрание на ОБСЕ, госпоѓа К.Одебринк беше назначена за Специјален известувач; целта на извештајот е да се осветли агресивната војна на рф против Украина и да се документираат огромните човечки загуби кои ги претрпе украинскиот народ како резултат на агресијата на рф. Многу го цениме придонесот на Специјалната известувачка К. Одебринк.

Треба да се нагласи дека рф одбива да ѝ достави на Украина или на други меѓународни страни какви било податоци за присилно преместените деца, што практично го оневозможува потврдувањето на точниот број на депортирани деца.

Покрај тоа, рф воспостави криминален механизам за присилно посвојување на украинските деца кои беа однесени од привремено окупираните територии на Украина. За потребите на овие присилни посвојувања, рф брзо усвои законодавство што овозможува забрзана постапка за промена на имињата, местата и датумите на раѓање на децата, што секако го отежнува нивното идентификување и утврдување на нивното вистинско потекло.

Присилното киднапирање и депортацијата на украински деца беа остро осудени од страна на Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН, Советот на Европа и Европската Унија.

Треба да се спомене дека Европскиот парламент на 8 мај 2025 година, со усвојување на Резолуцијата „За враќање на украинските деца присилно преместени и депортирани од страна на русија“, остро ги осуди присилните дејствија на рф и соучеството на Белорусија во суровото постапување со украинските деца, вклучително и убиства, присилно преместување и депортација, незаконско посвојување, сексуално насилство и експлоатација, како и присилна русификација и милитаризација.

Покрај барањето до рф веднаш да ги прекине овие злосторства, Резолуцијата содржи и директен повик до руските федерални и локални органи да овозможат пристап до сите депортирани украински деца.

Односно, меѓународните организации, вклучително и ОБСЕ, ЕУ, Советот на Европа, како и земјите кои се дел од Коалицијата за враќање на децата, вложуваат напори да ги пронајдат киднапираните украински деца и да ги вратат кај нивните семејства. Северна Македонија се приклучи на оваа Коалиција и ја поддржува нејзината работа. Сакам да изразам благодарност и до пратеничката на Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова, која ја поддржа кампањата #BringKidsBack.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како Украина за време на војната од страна на Русија ги спроведува неопходните реформи за членство во ЕУ?

ЛАРИСА ДИР:  Украина, која во јуни 2022 година доби статус на кандидат за членство во Европската унија, има амбициозна цел да биде целосно подготвена за пристапување кон ЕУ толку брзо колку што тоа е можно во услови на сеопфатна воена агресија од страна на рф  против нашата држава.

Украина продолжува да работи на трите патни карти во областите владеење на правото, реформа на јавната администрација и функционирање на демократските институции.

Треба да се нагласи дека Украина успешно го заврши билатералниот скрининг во ЕУ за Кластерот 1 „Основи на процесот на пристапување во ЕУ“, Кластерот 2 „Внатрешен пазар“ и Кластерот 6 „Надворешни односи“.

Во моментов се започнати билатерални скрининг средби со Европската комисија за Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

Украина, меѓу другото, е во процес на приклучување кон Европската агенција за животна средина.

Имаме добра вест – од јануари 2026 година, Украина ќе биде интегрирана во роаминг-зоната на ЕУ, што ќе го олесни користењето на мобилен интернет и за украинските граѓани во земјите на ЕУ, и за граѓаните на земјите на ЕУ кои престојуваат во Украина.

Еден од клучните елементи на евроинтеграцијата на Украина е сеопфатната реформа на системот на правосудство и органите на редот.

Постои План на активности за реформа на органите на редот, кој предвидува институционална и правна унификација; развој на проактивен модел за борба против криминал – со фокус на превенција; дигитална трансформација; заштита на човековите права; поддршка за воените ветерани што се враќаат во служба.

Во услови на исцрпувачка и брутална руска војна, украинците храбро остануваат посветени на исполнување на обврските во рамките на ЕУ – и притоа ја извршуваат најтешката задача – одбраната на државата и заштитата на граѓаните.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали постои соработка и меѓусебна поддршка помеѓу Украина и Северна Македониjа на нивниот пат кон членство во ЕУ?

ЛАРИСА ДИР:  И Северна Македонија исто така чекори по патот на европска интеграција. Направени се бројни позитивни чекори во дигиталната инфраструктура, хармонизацијата на правилата за безбедност на производите, а Северна Македонија се приклучи и кон Единствениот европски платен простор (SEPA).

Значаен настан беше Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, кој неодамна се одржа во Скопје. Знаменито е што од страна на ЕУ беше нагласено дека Европската унија има историска можност да ја обедини Европа преку проширување кон Западен Балкан. Претходно, во мај годинава, во Скопје престојуваше претседателот на Европскиот совет Антониу Кошта, кој високо ги оцени реформските напори на Северна Македонија и потврди дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.

И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија.

Две држави кои припаѓаат на европското семејство.

Имаме што да споделиме, и можеме да се поддржуваме меѓусебно. Убедена сум дека Спогодбата потпишана во јануари 2025 година (Меморандум за соработка во областа на европската интеграција меѓу Вицепремиерот за европска и евроатлантска интеграција на Украина – Министерот за правда на Украина, главен преговарач за членство на Украина во ЕУ и Министерот за европски прашања на РСМ, главен преговарач за членство на Република Северна Македонија во ЕУ) ќе придонесе за одржување на ефикасен дијалог меѓу нашите суверени држави.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: ЦИВИЛ Медиа

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУНАТОруска агресија врз Украинаукраинската амбасадорка Лариса Дир
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ