Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика денеска САД и Северна Кореја да почнат преговори и додаде дека Русија е подготвена за олеснување на тие договори.
Москва веќе извесно време ги повикува тие две држави да разговараат за да се намалат тензиите, настанати поради севернокроејската нуклеарна и ракетна програма.
Севернокорејското МНР соопшти вчера дека најновите санкции против Пјонгјанг се „акт на војна и еднакви на воведување целосна економска блокада на државата“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.