На Томислав Лазаров, единствениот што ја призна вината во случајот „Шамари“, денеска Кривичниот суд му одреди условна казна од шест месеци, ако во рок од две години не стори друго кривично дело.
Лазаров, во времето на насилните протести пред Општина Центар, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар. Специјалното јавно обвинителство го обвини за поттикнување и организирање на членството на партијата на протест поради рушење на црквата „Св. Констатин и Елена“, што требаше да се изгради на улица „Македонија“.
Пред судот, Лазаров не само што ја признал вината, туку и изразил каење за стореното дело.
За насилството во Центар обвинети се 14 лица, меѓу кои и Никола Груевски, Миле Јанакиески и Даниелa Рангелова.
Судењето за овој случај на СЈО треба да продолжи на 29 ноември.
Б.Ј.