„Секогаш кога се фатени со „рачињата во медот“ Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат скандалот со тендерот тежок 136 милиони евра“, велат од СДСМ, откако НетПрес објави, а потоа повеќе медуми ја објавија истата содржина, за наводна средба меѓу скопската градоначалничка, Данела Арсовска со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и премиерот, Димитар Ковачевски.
„Проблемот овој пат им е поголем, затоа што самите се фатија, се скараа за пари и тендер вреден 136 милиони евра, а институциите веќе го истражуваат случајот. Нека не се крие шпицниот градоначалник Мицкоски позади лаги. Немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со нивната кандидатка, а потоа и избрана градоначалничка Данела Арсовска. Ниту во четврток, ниту некогаш имало средба на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска. Паника на бродот Баунти“, стои во соопштението на СДСМ.
Од владејачката партија нагласуваат дека фатени со рачињата во медот, прилично е очајно ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.