Поголем дел од медиумите кренаа паника и страв кај граѓаните отако објавија лажна лажна вест која првично беше објавена во “Фактор“, за наводен вооружен грабеж во скопски Аеродром на локацијата Порта Аеродром спроти Скопјанка, пришто напаѓачите наводно биле вооружени и маскирани со хируршки маски.
Од МВР велат дека таква пријава не стигна до нив.
„Дел од медиумите објавија дека е извршен грабеж спроти „Скопјанка“ во Општина Аеродром и дека на терен се повеќе полициски екипи, но таков случај кај нас не е пријавен“, велат МВР.
Дел од медиумите ја избришаа вестта откако увидоа дека се работи за „кромид-вест“.
Но, дел од медиумите и покрај тоа што ги исплашија жителите на Аеродром, особено родителите кои имаат мали деца, наместо да ја повлечат вестта и да им се извинат на граѓаните за пропустот, тие објавија нова вест со наслов дека сепак вооружен грабеж имало, ама во Бутел, не во Аеродром.
ЦМТ