Повеќе медиуми денеска објавија вест дека одреден политичар, кој е дел кандидатските листи, е позитивен на КОВИД-19 и дека истата информација е потврдена од партијата која го поддржува.
Политичарот ја демантираше лажната вест, дека е позитивен на КОВИД-19, на својот Фејсбук профил.
Во предизборниот период се забележува зголемена активност на одредени интернет портали чиишто содржини се наменети исклучиво за ширење лажни вести и дезинформации, со намера да се создаде искривена претстава за одредени политички структури пред јавноста.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ