• Latest
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Лажните тврдења на премиерот на „мојата земја“ на екскурзијата во Вашингтон

February 23, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лажните тврдења на премиерот на „мојата земја“ на екскурзијата во Вашингтон

February 23, 2025 11:39
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Се уште не стивнуваат реаквноста во сврска со патувањето на повеќечлената делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, и неговото учество на контроверзната Конференција за политичка акција на конзервативците во Вашингтон (CPAC), на која францускиот екстремно десничарски лидер Жордан Бардела го откажа својот планиран говор, поради, како што рече, „гест кој се однесува на нацистичката идеологија“ на поранешниот главен советник на Доналд Трамп, Стив Бенон.

За ова, секако, немаше реакција од Мицкоски, кој во рамките на конференцијата  беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, поранешна заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на претседателот Трамп, каде таа го пофали премиерот дека бил единствениот европски лидер кој позитивно реагирал и ракоплескал за време на говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција минатата недела, во кој Венс жестоко ги критикуваше европските држави.

Мицкоски, кој за цело време на интервјуто државата на која е премиер, наместо со нејзиното име ја нарекуваше мојата земја и мојата татковина, ја искористи приликата да  ја истакне својата воодушевеност  од говорот на потпретседателот Венс кој го опиша како „историски настан“ и „инспиративен говор“. Тој истакна дека, иако некои европски политичари можеби ќе се налутат на неговото мислење, смета дека Венс бил во право.

Премиер на земја кандидат за членство во ЕУ, која се надева на решавање на проблемите и  отворање на преговорите, е најголемиот ракоплескач и поддржувач на говорот на Венс насочен против ЕУ.

Мицкоски по кој знае кој пат се пожали дека од почетокот на независноста, заради остварување на стратешките цели да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ, Македонија ги сменила своето знаме, својата валута, своето име и својот Устав, и дека не е фер што нашата држава сега е повторно под притисок да го смени Уставот, додека истовремено, самиот иницира промена на Уставот заради промена на државниот грб.

Мицкоски, чие претставување на земјава личеше на писмена работа по англиски на просечен средношколец, откако се пофали дека пред 8 месеци ги добил изборите со огромно мнозинство,   ја нагласи и важноста на Македонија во справувањето со илегалната миграција, опишувајќи ја земјата како „врата на југоисточна Европа“, врата која, за жал, по стапувањето на Мицкоски на премиерската функција, останува затворена.

Контрадикторен до крај, премиерот на „мојата земја“ не пропушти да истакне дека Македонија е целосно усогласена и ја поддржува политиката на претседателот Доналд Трамп, иако пред некој ден, на дебатата на Атлантскиот совет, исто така во Вашингтон, изрази сосема спротивен став од оној на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини Украина дека ја започнала војната, изјавувајќи:

„Македонија е меѓу петте топ земји донатори на Украина. Воената руска агресија без преседан, војната против Украина и украинскиот народ, неиспровоцирана со ништо е нешто страшно. Тоа мора да биде осудено. Треба да направиме сѐ што можеме за да му помогнеме на украинскиот народ и на Украина. Тоа е нашата позиција. Зошто? Затоа што Русија го предизвика и го негира украинскиот идентитет и јазик. Тоа е грозно. Страшно“.

Во одговор на прашањето за односот на земјава кон „кинеска економска инвазија“ на овој дел на Европа, Моцкоски истакна дека „Ние сме под силен финансиски притисок од таа земја, но мојата земја е единствениот дел од сложувалката кој им недостасува“ заборавајќи на автопатот Кичево-Охрид кој кинеската фирма „Синехидро“ го гради веќе 10 години, со „евтин“ кинески кредит договорен во период на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, и за кое во протечените прислушкувани разговори, можеше да се слушне како неговиот претходник на премиерското и лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ, бара „5% провизија од жутите“.

И, за крај, бисерот од излагањето на Мицкоски преполно со контрадикторности, аналфабетското тврдење на премиерот на „мојата татковина“, кој намерно или ненамерно, или од незнаење и еклатантно непознавање на историјата и културата на Македонија, пред целата американаска, македонска и светска јавност излажа дека дека првиот универзитет во Европа бил основан токму на Охридското Езеро, и бил наречен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“???, а всушност се работи за  т.н. Охридска книжевна школа, формирана во 886 година, поврзан со дејноста на Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски Чудотворец, чии остатоци се лоцирани на Плаошник во Охрид, и е позната како Климентов универзитет.

Очигледно е дека не се работи за лапсус, бидејќи Мицкоски уште еднаш, одговарајќи на прашањето на водителката дали универзитетот во Оксфорд е постар, ќе повтори:

„Не, тоа е универзитетот Св. Кирил и Методиј“.

Христијан, седи кец!


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: интервјуКонференција за политичка акција на конзервативците во Вашингтон (CPAC)САДХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ