• Latest

ЛДП го исклучи Жерновски, ама ќе биде дел од „победничката коалиција“ со неговата нова партија!

September 14, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЛДП го исклучи Жерновски, ама ќе биде дел од „победничката коалиција“ со неговата нова партија!

September 14, 2017 13:44
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Централниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа реши на претстојните локални избори на 15 октомври, да биде дел од „победничката коалиција со СДСМ“, која според либерал-демократите „гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното рабтоење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните“.

Членовите на Централниот одбор на ЛДП, на синоќешната седница го исклучија „од партијата и од сите партиски тела и органи“, градоначалникот на Општина Центар и експретседател на ЛДП (во периодот од 2011 до 2015), Андреј Жерновски, поради неговиот трансфер во СДСМ.
Жерновски се откажа од независната кандидатура за нов градоначалнички мандат, поради учество во централната власт и премина во редовите на СДСМ. Во одделни медиуми беше објавено дека поради неговото искуство со тендери и јавни набавки, лидерот на неговата нова партија, Зоран Заев, ќе му ја понуди раководната функција во Бирото за јавни набавки!

„Овој мандат нема да го заборавам, беше сè, само не обичен, исполнет со уцени, закани и турбуленции и разговаравме да земам учество во централната власт и да помогнам со моето искуство“, изјави Жерновски, кој образложи и дека „веќе подолго време нема контакт со довчерашните сопартијци“.

Иако членовите на ЦО на ЛДП го прифатија договорот за коалиционен настап на локалните избори со СДСМ, и на својот некогашен лидер му посака „среќа и успех во натамошната работа“, сепак, на партнерот во „победничката коалиција“ СДСМ, му посакаа со Жерновски „да не им се повтори Стевчо Јакимовски“.

Tags: ЖерновскиЗаевЈакимовскиЛДПлокални изборинезависна кандидатурапобедничка коалицијаСДСМтрансфер
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ