• Latest
Празни полици за леб, 2 март 2023 (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Леб од 33 денари ќе има од утре; пекарите ќе ја тужат Владата; рускиот амбасадор Баздникин „ги испра“ гревовите на Путин

March 3, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Леб од 33 денари ќе има од утре; пекарите ќе ја тужат Владата; рускиот амбасадор Баздникин „ги испра“ гревовите на Путин

March 3, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Празни полици за леб, 2 март 2023 (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Празни полици за леб, 2 март 2023 (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Леб за 33 денари ќе има, пекарите ќе почнат правна битка со Владата

Пекарската индустрија од утре ќе почне да испорачува бел и полубел леб од 33 денари, но ќе поведе и правна постапка за наплата на штетата што ја претрпува од владината одлука за замрзнувањето на цената на лебот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Малишиќ: Никој не може да тврди колку чини еден леб, секоја компанија си има свои калкулации

„Битката со Владата продолжува на правна основа. Одлуките што таа ги донесе на месечно ниво ни прават штета од преку 1,5 милиони евра. Поради наметнатите загуби, принудени сме да се прилагодиме и да ги намалиме загубите со одредени видови леб, но и да намалиме од бројот на вработени. Во наредните три месеци ќе бараме начин да опстанеме, а од утре ќе почнеме да испорачуваме леб за да им излеземе во пресрет на граѓаните“, изјави денеска претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ.

ТЕМА НА ДЕНОТ

Шест лаги и една „случајност“: Рускиот амбасадор Баздникин „ги испра“ гревовите на Путин

„Нова Македонија“ направи интервју со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, објавено на 27 февруари, во кое редакцијата му даде неограничен простор на рускиот дипломат да ги пласира руските наративи за војната против Украина. Во интервјуто преовладуваат пропагандните наративи со кои целосно се негира вистинската димензија на бруталната освојувачка војна што ја поведе Русија. Во изјавите на амбасадорот Баздникин се забележува изобилство од ноторни лаги и дезинформации, кои со ниту еден збор во текстот на интервјуто не беа предизвикани со критичко прашање.

Овде анализираме само еден дел од лагите што рускиот амбасадор непречено ги пласира во интервјуто за „Нова Македонија“, пишува меѓу другото во заедничката анализа на авторите Дехран Муратов и Џабир Дерала.

АНАЛИЗА

Во Србија цената на лебот е замрзната на 30 денари, каква е состојбата во другите држави од Регионот?

Од Соња Танеска

„Руската воената агресија врз Украина покрај дестабилизација на светскиот мир, донесе и неповратни економски осцилации и поскапување на цените на енергенсите пред се, а покрај тоа и на храната и останатите намирници.

Иако во земјава беше субвенционирана струјата за пекарско-мелничката индустрија, сепак цените на овие продукти, а најмногу на лебот не се намалија, туку и пораснаа. Лебот поскапи и во Регионот, најмногу во Црна Гора и Хрватска, додека пак во Србија цената е замрзната речиси една година.“

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украински, не руски: Музеите ја ажурираат националноста на Казимир Малевич

Музејот „Стеделијк“ во Амстердам сега го опишува апстрактниот сликар како украински, додека МЕТ ги прекласификува другите сликари кои се родени или работеле во земјата.

ЕУ: Украина има право да ги ослободи сите привремено окупирани територии, вклучувајќи го и Крим

Украина има право да ги ослободи и да ја врати целосната контрола на сите привремено окупирани територии во нејзините меѓународно признати граници, вклучувајќи го и Крим, се вели во соопштението на ЕУ дадено за време на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Лажно руско видео за тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс и Зеленски

Руските пропагандни Телеграм канали, групите на социјалната мрежа ВКонтакте и видео хостинг на YouTube дистрибуираа видео во кое, наводно, на екранот на стадионот за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите „Лос Анџелес Рамс“ и „Сиетл Сихокс“, лицата на присутните се залепени на големиот екран до лица на различни познати личности за забавни цели.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КОАЛИЦИИ Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во моментов нема разговори за влез на друга партија во владејачката коалиција.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА Жозеф  Борел на 18 Март доаѓа во Скопје каде што ќе ја објави веста дека на Македонија и се доделуваат 9 милиони евра, помош за АРМ.

ПОЧЕСТИ Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на претседателот на Собранието, Талат Џафери му додели Плакета за особени заслуги и придонес во достигнувањата на Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ, кое највисоко признание што го доделува Синдикатот.

РЕГИОН

ГРЦИЈА Акцијата на спасувачите на местото на железничката несреќа кај месноста Темпи во Грција, продолжува и рано утрово, се очекува да заврши денеска, а паралелно во службата на судската медицина во Лариса, продолжува идентификацијата на жртвите.

ЦРНА ГОРА Пет лица се повредени и еден загинат во експлозија на бомба во зградата на Основниот суд во Подгорица, јавува репортерот на Радио Слободна Европа (РСЕ) од местото на настанот.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Масовни протести во Тирана; Мекгонигал ја загрозил националната безбедност на САД; маратонска дебата во косовското собрание за „Заедницата“

Протестите на опозицијата во Албанија продолжуваат, а медиумите јавуваат дека илјадници протестанти од цела држава денеска се упатени кон Тирана. Државниот обвинител на САД, Мерик Гарланд изјави дека постапките на Мекгонигал претставуваат загрозување на националната безбедност на САД. Во косовското собрание се одржа маратонска седница на која пратениците дебатираа за Европскиот предлог за договорот помеѓу Србија и Косово.

Ова се само дел од денешните теми од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

ИНТЕРВЈУ

Видео интервју со Вршител на должност ад интерим амбасадор на Германија во Република Северна Македонија, Ото Граф. Интервјуто е дадено во рамки на проектот „Здружени за ЕУ“ кој го спроведува Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје во конзорциум со академски установи и невладини организации од неколку европски држави, поддржан од Вишеградскиот фонд и МНР на Република Кореја, а во ко-продукција со Цивил Медиа.

https://www.youtube.com/watch?v=AeacbAE5I2I

СЛОБОДНА ЗОНА

„Профитерите секогаш ќе најдат заедничка точка на интереси. Во моментов, заеднички интерес за нив е да ја омаловажат и осуетат популарната одлука на владата и да ја принудат да се откаже од мерката – укинување на субвенционираната цена на струјата и замрзнување на цената на лебот на 33 денари.“, пишува Џабир Дерала во ES-PRESS-O „Пораката е примена, на алчноста ѝ нема крај“

Д. Тахири

 

Tags: 33 денаривладаВојна во УкраинаДневниклебпекаритужба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ