• Latest
Текст преполн со клевети, навреди, говор на омраза и смртни закани од функционер на Левица, објавен на Антропол.мк, на 5 мај 2021 година

Левица продолжува со груби напади, говор на омразата и смртни закани кон Џабир Дерала и ЦИВИЛ

May 7, 2021

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Левица продолжува со груби напади, говор на омразата и смртни закани кон Џабир Дерала и ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции конечно да реагираат соодветно на постојаните напади на Левица против организацијата и нејзините членови.

May 7, 2021 11:23
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ГРАЃАНСКА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Текст преполн со клевети, навреди, говор на омраза и смртни закани од функционер на Левица, објавен на Антропол.мк, на 5 мај 2021 година

Текст преполн со клевети, навреди, говор на омраза и смртни закани од функционер на Левица, објавен на Антропол.мк, на 5 мај 2021 година

Share on FacebookShare on Twitter

„Левица“ и нејзините членови продолжуваат со напади врз Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ, но врз организацијата и нејзините членови во целост, како и кон сите прогресивни граѓанки и граѓани на нашата земја.

Најновите напади се објавени во текстот под наслов „Двојните аршини на западните пропагандисти“, на 5 мај 2021 година, потпишан од Реџеп Исмаил (Хактан) Президиум на „Левица“. Оваа партија, преку својот функционер, продолжува со манипулации, клевети, навреди и смртни закани против Џабир Дерала и ЦИВИЛ.

Веднаш по објавата на текстот на неговиот сопартиец, шефот на „Левица“, Димитар Апасиев, познат по секојдневните објави со вулгарности, закани и повици на екстремно насилство, го поддржа на социјалните мрежи, каде што го издвојува делот од текстот во кој има директна смртна закана со линч, а кој гласи:

АнтиCIVIL колумна на другарот Реџеп Исмаил: „Полека не се сили, оти утре и Заев и САД ќе соберат парталите и ќе си заминат, а ти, навлекувајќи ја омразата која они ја создале, ќе останеш ачик среде бесни ѕверови – кои, претходно, додека биле врзани и мали, си ги малтретирал со дренова прачка“!

Повеќе од јасна е намерата на оваа црна пропаганда насочена против една прогресивна граѓанска организација за човекови права која постои 22 години. Целта им е да се омаловажат активностите, како и извештаите и анализите на организацијата која ужива огромен углед и доверба, како од голем број граѓанки и граѓани во земјава, така и на меѓународно ниво.

Уште повеќе од тоа, јасно е дека Левица е дел од структурите во земјава кои се обидуваат, не само да омаловажуваат и навредуваат, туку и да ги заплашат граѓанките и граѓаните. Уште еднаш, оваа партија се открива како еден од најдеструктивните елементи во политичката сцена, кои својата позиција ја злоупотребуваат за редовно јавно изразување на своите радикални, десничарски, антидемократски и ултранационалистички ставови и програми.

Јасни се партиските ставови на Левица, кои се само еден мал дел од поширока политички и пропагандни структури чии напади се секојдневни и траат со години и се насочени против сите што не мислат како нив. Нивното оружје се вулгарностите, лагите и смртните закани. Политичкото насилство е високо на листата на нивните методи на дејствување.

ЦИВИЛ уште еднаш апелира до институциите и независните регулаторни тела конечно да преземат законски чекори за да се спречи и санкционира ваквото однесување во јавните комуникации и во медиумите.

Воедно, ЦИВИЛ ја повикува целокупната јавност решително да ги отфрлат и остро да ги осудат лагите, навредите и повиците за ликвидација на неистомислениците со кои се служат одделни политички партии и нивните челници.

ЦИВИЛ

 


Прилог: Скриншот од објавата на партискиот шеф на Левица, Димитар Апасиев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ