Лидерите на Г7 во неформален разговор го исмејуваа Владимир Путин поради неговата неславна фотографија каде што тој полугол јава коњ, објави британскиот Дејли Рекорд, а пренесе Слободен печат.
Британскиот премиер, Борис Џонсон се пошегува дека „мораме да покажеме дека сме построги од Путин“, додека се приклучи на состанокот, на што канадскиот премиер Џастин Трудо одговори со: „Ќе треба да се качиме полуголи на коњ“.