Лидерот на Сојуз на средношколци Лука Павиќевиќ, стана мета на експлицитен говор на омраза и сајбер булинг откако на Тв „Сител” застана против одлуката на СОНК, истакнувајќи дека е нехумано една цела генерација од 18.000 ученици да бидат оставени без можност за нивно усовршување и образование.
Веднаш се активираа членовите и симпатизерите на опозицијата, особено на Левица, меѓу кои и секретарот на партијата Јована Мојсоска, која јавно злоупотребува малолетник за политичка пропаганда.
Има уште погнасни коментари, меѓутоа нема да ги објавиме.
За разлика од коментарите кои се со експлицитен говор на омраза за лидерот на средношколците, сосема други се коментарите и поддршката за пропагандниот статус на Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев која меѓудругото пишува дека нејзината ќерка дава поддршка за штрајкот на наставниците.
Политичката пропагандата не бира средства, не ги штеди ниту децата, дури и сопствените!
ЦИВИЛ бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во пропагандите на политичките партии! За секоја злоупотреба на децата, бараме соодветна законска реакција од институциите и ја повикуваме јавноста остро да ја осуди и отфрли злоупотребата на децата и малолетниците.
Дехран Муратов