Categories

ТВОРБИ Ликовна изложба PLUVIA на ресенските средношколци

Во домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен вечер ќе биде претставена изложбата PLUVIA, на која ќе бидат прикажани ликовни творби на ученици од прва и втора година од централното основно училиште „Цар Самоил“, под раководство на предметниот наставник Шенер Далиповски.

Изложбата, како што информира професорот Далиповски, содржи дел од описот цртежи изработени од ученици во изминатата учебна година.

– Посетителите ќе може да видат голем дел од ликовното творештво на учениците, нивните  размислувања, стилови, колорит, искажани на начин на кој тие сами го доловиле или согледале, истакна Далиповски.

Организатор на изложбата е домот на културата „Драги Тозија“, а за директорот Васко Василевски, е значајна промоцијата на локалната ликовна уметност и можноста да ја види пошироката јавност.

– За нас како организатори особено значајно е тоа што ја промовираме локалната ликовна уметност и секогаш огромно задоволство ни претставува кога можеме да им излеземе во пресрет на најмладите, чиј труд и талент е убаво да биде забележан од што поголем број публика, која се надеваме дека ќе ја имаме во голем број во наредниот период, додека трае изложбата, рече Василевски.

Покровител на изложбата е ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски, а проектот е поддржан од Министерството за култура. За публиката ќе биде достапна во наредните 10-тина дена. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email