• Latest

Линде: Шведска силно ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија и реформската агенда на земјата

June 22, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Линде: Шведска силно ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија и реформската агенда на земјата

June 22, 2021 14:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На билатерална основа имаме одлични односи долго време со Северна Македонија. Шведска силно ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија и реформската агенда на земјата, изјави денеска во Скопје шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на заедничка прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Линде, која во рамките на шведското претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), престојува во еднодневна посета на земјава, изрази благодарност за топлото добредојде и на Владата за одличната соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– ОБСЕ останува да го поддржува силното партнерство, развиено од пред 30 години. Со оглед на заложбата на Северна Македонија за зачленување во ЕУ, секако и ова беше тема на денешниот разговор. За мене како претседавач на ОБСЕ, важно е да видам дека се спроведуваат заложбите на ОБСЕ. Во разговорите со министерот Османи, изразив пофални зборови за напорите за реформи од страна на Владата и подвлеков дека институциите на ОБСЕ се тука да дадат поддршка за овие реформи, особено во области, каде може да се направи синергија од напори, изјави Линде.

Таа посочи, дека разговарале и за приоритетите на шведското претседателство со ОБСЕ, посочувајќи дека се концентрираат на заедничките заложби на сите 57 држави членки на Организацијата за одбрана на мирот и промовирање на единствен концепт на сеопфатна безбедност.

Линде, исто така, изрази благодарност за почеста оддадена од македонското општество на поранешната шведска министерка за надворешни Ана Линд, за нејзините напори за избегнување на конфликтот во 2001 година.

Османи, од своја страна, изрази благодарност за соработката со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во последните 20 години, што помогна, како што рече, суштински во трансформација на една млада демократија во зрела и стабилна мултиетничка демократија, членка на НАТО и која придонесува во регионалната стабилност и светскиот мир.

– Се разбира дека не можеше, а да не збориме и за денешниот настан во Луксембург. Шведска е силен и гласен поддржувач на Република Северна Македонија. Се надевам дека таа поддршка и соработка ќе продолжи и понатаму. Време е Северна Македонија да ги започне преговорите, бидејќи ги има исполнето критериумите за тоа, изјави Османи.

Северна Македонија е следен претседавач со ОБСЕ во 2023 година, по Полска и, како што посочи Османи, тоа не прави да бидеме дел од тројката претседавачи и да размениме мислења за приоритетите на претседателството.

– Од 1 јануари влегуваме во тројка на претседавачи – Шведска, Полска и Северна Македонија, што ни дава основа и можност да разговараме за прашањата на нашата организација, изјави Османи.

За нашите подготовки за претседавањето, посочи Османи, и презентирал на министерката Линде дека во МВР е формиран „таск форс“ со најдобрите луѓе и дипломати и дека веќе се работи на утврдување на приоритетите, заедно со земјите учеснички на организација.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ