Во интервју за Фронтлјан, директорот на македонски железници Инфраструктура, Хари Локвенец, коментирајќи го предлог буџетот за идната година што го претстави министерот Фатмир Бесими, вели дека железниците се една од приоритетните капитални инвестиции кои во вкупната предвидена сума од 800 милиони евра влегуваат со 250 милиони наменети пред сè за патната но и за железнилката инфраструктура од Kоридорот 8.
„Во буџетот, во проекцијата многу сериозно се зедоа железниците како една од инвестициите кои најмногу можат да придонесат индиректно кон развојот на локалната економија. Инвестициите во железницата се предвидливи и оваа Влада ги доведе во состојба да бидат предвидливи.
250 милиони евра се предвидени за патната и за железничката инфраструктура за Коридорот 8. но за мене најважно е што Владата покажува желба, волја но и активности во целост да ги финансира проектите во железницата. Тоа подразбира дека целосно ќе бидат финансирани изведените работи на веќе започнатите изведувачи за првата и втората фаза и ќе бидат финансирани почетокот на работите за третата најважната етапа…“, вели Локвенец.
На прашањето колку европските пари помогаат за изградба на Коридорот 8 и дали тоа има врска со македонските аспирации за членство во Унијата како и почетокот на преговорите, Локвенец со став:
„Сите ние како Македонци и како граѓани треба да се гордееме со последниот пример на грант средства кои ЕУ ги додели за МЖ односно за македонската држава, поврзани со третата фаза со предвидена проектна вредност од 405 милиони евра, ние добивме во два наврати пред неколку години 61 милион евра од ЕУ и сега пред неколку месеци доплнителни импозантни 155 милиони евра грантовски, поклон, или вкупно 216 милиони евра што во релативни бројки како сооднос од проектираната вредност на проектот и грантовските средства тоа е повеќе од 50 %. Ако искуствено можеме да зборуваме дека досега немало земја кандидат за членство во ЕУ која во тој процес добила повеќе од 30% грант средства како дел од некој проект, тогаш сите ние можеме да бидеме не само здоволни и горди на нашето работење, туку и на препознавањето од страна на ЕУ на искрена желба не само железниците, туку целата држава да оди напред користејќи ги сите шанси од ЕУ“.
Извор: Фронтлајн