• Latest

Македонија e 31-ва во светот според економските слободи

February 16, 2017

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија e 31-ва во светот според економските слободи

February 16, 2017 18:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според Индексот на економски слободи на американската фондација „Херитиџ“, Македонија се наоѓа на 31-то место во светот во категоријата – економски слободни држави. Според извештајот, Македонија во рок од една година, се искачила од 47-то  на 31-то место. Вкупната оценка е за 3.2 поени повисока во однос на минатата година и изнесува, 70.7 поени. Гледајќи ги ваквите оценки, се добива впечаток дека економската клима во Македонија се подобрува. Но, како што за ЦИВИЛ Медиа, оценува економскиот експерт, д-р Бранимир Јовановиќ, Индексот на економски слободи на фондацијата „Херитиџ“ има многу непрецизен назив.

Иако името сугерира дека тој мери „економски слободи“, тој всушност, мери колку се слободни пазарите, а би можело да се каже дека колку се послободни пазарите, толку се помалку слободни луѓето!

„Затоа, тоа што Македонија има голем скок во овој индекс последнава година, воопшто не го гледам како нешто позитивно, туку напротив, како нешто негативно. Да тргнеме од самата содржина на Индексот. Тој има 12 под-индекси. Еден од нив е наречен ‘трошење на Владата’, и според него, колку помалку Владата троши, толку економијата е послободна. Но, ова е нон-сенс, затоа што ако Владата не троши ништо, нема да има пари за здравство, за образование, за социјална помош, за пензии… Како може да биде слободна економијата, без сите овие работи? Друг под-индекс, кој мери колку е лесно да се отпуштат работници, е наречен ‘слобода на трудот’. Како може трудот да е слободен, ако е лесно да остане без работа?“, коментира д-р Јовановиќ.

Како што вели нашиот соговорник, и самиот ранг на земјата покажува колку е Индексот нелогичен. Македонија е најдобро рангираната економија од регионот, далеку пред Хрватска и Словенија (Македонија е на 31. место, Хрватска и Словенија се на 95. и 97. место).

„Мислам дека ни најзакоравените приврзаници на Груевски, не би кажале дека е Македонија послободна држава од Словенија! Индексот е добра илустрација, за тоа какви економски политики водеа владите на ВМРО-ДПМНЕ изминативе 10 години. Така, пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2006 година, Македонија имаше 59 поени на овој Индекс, а сега има 71 поен, што е значаен пораст. Овој пораст, всушност, кажува дека Македонија за времето на ВМРО-ДПМНЕ водеше политики на слободни пазари. Сепак, во истото ова време, сиромаштијата драстично порасна, исто како и социјалната раслоеност, здравството и школството ни станаа најлоши во Европа, а станавме европски лидери и во смртност на работници“, поентира д-р Јовановиќ.

Сепак, според него е позитивно што добиваме информации, за тоа какви економски политики не смее да води државата во иднина.

„Не смееме да водиме политики на слободни пазари, зашто овие политики им одговараат само на привилегираните елити. Мораме да водиме политики коишто ќе им одговараат на сите (или, барем повеќето) граѓани, а тие политики се – повисоки работнички права, подобра социјална заштита, поправедни даноци, поголеми државни трошења на јавни добра и услуги, како здравство и школство“, заклучува економскиот експерт, Јовановиќ.

Инаку, на ранг листата на Херитџ, 15 места под Македонија, на 46-то место е рангирано Косово, Бугарија се наоѓа на 47-то, а Грција дури на 127-то место.

Моника Талеска

Tags: Бранимир ЈовановиќВМРО-ДПМНЕекономски слободни државиИндекс на економски слободиМакедонијаработнички правасоцијалаХеритиџ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ