„Искористете ги нашите економски потенцијали, природниот потенцијал и одлична географска поставеност. Работиме на зголемување на растот на Бруто домашниот производ (БДП), сакаме да отвориме нови работни места, нови инвестиции, ширете го бизнисот преку нас и во Европа и така ќе се овозможи солиден живот за граѓаните во Македонија, но и за нашите соседи со кои сега ги зајакнуваме пријателските односи“ рече премиерот Заев во разговор со претставниците на делегација на Гермаската стопанска комора во Албанија на заедничка средба, на која присуствуваше и министерот за економија Крешник Бектеши.
На средбата, со петнаесетина бизнис-претставници, членови на Комората, беше потенцирана цврстата определба на Владата на РМ да ја интензивира економската соработка со земјите од регионот, вклучувајќи ја и Албанија, како и напорите за придвижување на интеграциските процеси на Македонија во ЕУ и НАТО, процеси кои се сметаат како исклучителни важни за политичката стабилност.
Претседателката на германската стопанска Асоцијација, г-ѓата Сиг на премиерот Заев му изрази поддршка за отвореноста за соработка во регионот, потенцирајќи дека посетата на албанските и меѓународните компании во Македонија, е покана и за македонските компании и производители да инвестираат во Албанија и да создаваат нови бизнис-партнерства.
Беа изразени интереси за инвестирање во мали хидроцентрали, производство и трговија со кондиторски производи, сокови и здрава храна, зајакнување на соработката во поглед на размената на информации за економските и трговските активности во двете земји, туризмот, издавачката дејност.