• Latest

Македонија конечно ја ратификува Истанбулската конвенција

January 8, 2018
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија конечно ја ратификува Истанбулската конвенција

January 8, 2018 11:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија кон крајот на декември конечно влезе во групата земји, кои засилено ќе се борат за искоренување на насилството врз жените и домашното насилство. 

Собранието на 22 декември ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашно насилство.

Конвенцијата е усвоена во Истанбул на 7 април 2011, а Македонија ја потпиша на 8 јули истата година и оттогаш документот чекаше шест години конечно да биде ратификуван, со што ова прашање ќе добие на значење, а институциите би требало засилено ќе се борат против искоренување на насилството врз жените и домашното насилство, каде жртви во најголем процент се припадничките на понежниот пол.

Конвенцијата се темели на принципот на еднаквост меѓу мажите и жените

Клучен елемент во превенција на насилството врз жените е постигнување на де јуре и де факто еднаквост меѓу мажите и жените.

 

Според Конвенцијата насилството врз жените е манифестација на историската нееднаквост во односот на моќ меѓу двата пола, што довело до доминација на мажите и дискриминација на жените.

Структурното насилство врз жените е родово базирано насилство. Жените и девојчињата почесто се изложени на сериозни форми на насилство, како што се домашното, сексуалното, силувања, принудни бракови, криминални дела извршени во име на честа и генитално осакатување. Конвенцијата нагласува дека и во време на војна жените се поизложени на насилство, односно поединечно и групно силување.

Конвенцијата препознава дека домашното насилство повеќе ги погодува жените, но, исто така, нагласува и дека мажите исто така можат да бидат жртви на семејно насилство.

Децата, исто така, се жртви на семејно насилство, а често пати се и сведоци на насилство во семејството, што понатаму се одразува на нивниот психолошки развој.

Целта на Конвенцијата е во Европа да се креира атмосфера ослободена од насилство против жените и семејно насилство воопшто.

Насилството врз жените се дефинира како прекршување на основните човекови права и форма на дискриминација против жените и ги подразбира сите акти на родово базирани насилство, физичко, сексуално, психолошко или економско, вклучувајќи закани, принуда или лишување од слобода во приватниот или јавниот живот.

Состојбата во Македонија

Министерството за труд и социјална политика се одредува како надлежен орган на управата, кој ќе се грижи за извршување на одредбите од Конвенцијата.

Документот повлекува изменување на повеќе закони меѓу кои Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Законот за еднакви можности меѓу мажите и жените, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Закон за семејство, Закон за заштита на децата…а сето тоа ќе има финансиски импликации.

 

Во првата половина на 2017 година во Македонија се поднесени кривични пријави за вкупно 384 сторители на семејно насилство. Деведесет и четири отсто од сторителите на кривичните дела се мажи, а во најчест случај извршителот на семејното насилство е сопругот, дури во 161 од случаите, син во 84 од случаите и татко во 21 од случаите на пријавено семејно насилство.

Најранлива категорија во семејното насилство и понатаму дури во 75 отсто се жените, а покрај нив жртви на семејно насилство се и родителите и децата.

Според начинот на извршување најзастапено е физичкото насилство дури во 323 од случаите, 17 случаи на физичко насилство со ладно оружје и во еден случај со употреба на огнено оружје.

Во светски рамки според статистиките на Обединетите нации една од три жени и девојчиња е погодена од насилство.

Забелешки за одредени категории во документот

Претседателот Ѓорге Иванов, кој го потпиша указот за ратификување на Конвенцијата, претходно во своето новогодишно обраќање пред пратениците упати забелешки на одредени нејзини делови.

Според него ратификување на Конвенцијата во себе носи одредени ризици.

– Преку родовата перспектива, Конвенцијата воведува нова и неконвенционална дефиниција на родот како општествен конструкт, што е независен од биолошкиот пол и што може да се менува според волјата, истакна македонскиот претседател.

 

Сепак потенцира дека се додека се врши насилство врз жените праведно општество не може да има и ги поздрави искрените и добронамерни заложби за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Со слична реакција и наставно-научниот совет при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

– Конвенцијата ја воведува т.н. „родова перспектива“ (gender perspective), која суштински го менува значењето на поимите „маж“ и „жена“, исто така, се воведува контроверзна дефиниција за „родот“ како општествен конструкт, независен од половата реалност, како и поимот „родов идентитет“, различен од поимите „пол“ и „род“ (чл. 3-4) се вели во соопштението на Наставно-научниот совет на Факултетот.

Од хартија во пракса

Координаторката на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, смета дека следниот чекор е имплементација на Конвенцијата.

– Македонија ратификувала многу меѓународни конвенции, но има недостиг на почитување на заложбите за нивно заживување. Проблемот, како и во многу други области е сето она што е напишано на хартија, во правниот систем, во законите, да стане реалност. Тука секако има промени, мали промени, смета таа за состојбата во земјава.

Конвенцијата досега е ратификувана од 29 држави.

Ана Цветковска

 

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: еднаквостИстанбулска конвенцијаМакедонијаратификација
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ