• Latest

Македонија… Парче земја без имотен лист

March 25, 2018
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје. Фото: Цивил Медиа

Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

August 24, 2025

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Македонија… Парче земја без имотен лист

March 25, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Што знае еден, сега веќе зрел човек, со свои 35 години за последните денови на Југославија? Бил дете во основно училиште кога федерацијата се распадна. Колку знае еден 20-годишник за Македонија кој бил дете кога дојде Груевски на власт? Што знаат тие што сѐ се случуваше со и во Македонија во нејзините први години на самостојно проодување низ балканските касапници и белосветските лавиринти? Каде научија за Македонија, од кого?

Пишува: Џабир Дерала

Учеа за Македонија на училиште, од учебници напишани од врвни авторки и автори, во квалитетен образовен систем. Во училници во кои работат компјутерите, загреани в зима, чисти, уредни и безбедни. Од наставници насмеани, достоинствено платени, со широки погледи на светот, ослободени од партиски стеги.

Дознаваа за Македонија од медиуми кои секојдневно продуцираат професионални, висококвалитетни содржини, објективни вести и се артикулираат ставовите, надежите и барањата на сите граѓанки и граѓани. Медиуми кои се одговорни и издигнати над политичките и бизнис интересите на центрите на моќта. Со новинарки и новинари кои знаат колку е скапоцена слободата на говорот.

Се градеа како професионалци, потребни на Македонија на универзитетите, каде што професорите се чесни и одговорни интелектуалци, каде што нема место за сексуални манијаци и евтини билмези.

Ги надградуваа своите знаења, ставови и визии од честите изданија и јавни произнесувања на МАНУ, каде белоглавите мудреци ја негуваат науката и уметноста, институција каде има повеќе Нобеловци од саксии со фикуси и други растенија, кои имаат визија за Македонија и за светот во наредните најмалку 100 години.

Слушаа за Македонија во црква и џамија, каде што свештениците, освен љубов, мир и толеранција, споделуваат и мисли за секојдневието на луѓето. Но, им велат на верниците дека не можат да одговорат на нивните политички прашања, бидејќи се одвоени од државата.

За Македонија се разговараше и во клубовите на партиските подмладоци, каде што негуваат идеи за тоа како да придонесат кон просперитет на државата, во фер и аргументиран политички натпревар со опонентите за кои, исто така, веруваат дека ѝ го мислат доброто на државата, но дека нивната партија знае и умее подобро.

Македонија беше тема и во невладините организации, кои се во постојана, директна комуникација со луѓето, во кои работат скромни, посветени и вредни луѓе. Организации кои не се фолирантски и загрижени само за пари и чешкање со политичарите. Се борат за секоја педа простор за граѓанско дејствување…

Или беше поинаку?

Фокус, насловна, 25 март 2011 година

Во раните 90-ти, Потпретседателот на Претседателот ја промовираше валутата „македонка“ и ветуваше партиски конгрес во Солун. Ха-ха! А имавме југо пасоши до крајот на 1994. Во меѓувреме, Бранко-крив-за-све спроведуваше „транзиција“. Потоа, партијата на потпретседателот на претседателот поведе војна против сите Албанци, внесе хаос и насилство, наместо да спроведува закони и пред и откако се појави УЧК. Подоцна, истата таа партија коалицираше со лидерот на УЧК, па се наполни со милијарди. Евра и долари, не денари или “македонки”… Допрва ќе ги жнеете плодовите од отровот што власта сега го сее во Македонија, како што ми рече Ерван Фуере во интервју пред 8 години.

Секој ден грабаа и биеја битки со сите што не им се покорија, размислуваа со своја глава и гласно говореа, без оглед на тоа од која етничка заедница доаѓаа.

Сево ова време живееме на работ. Ова не е вистинска држава, туку привремено засолниште, карабина, парче земја без имотен лист. Територија низ која дивеат неколку банди и малтретираат народ, го ограбуваат и му ја полнат главата со ѓубре и гнасни зарази.

И сега, кога се најде еден едноставен, храбар и посветен човек, кој тргна во белиот свет да го земе тој имотен лист, да го донесе дома, сите сме „паметни“. Сега и најглупавите прикаски, најцрните заговори, најочигледните стапици ќе ги голтнеме, само да не го земеме имотниот лист на земјата Македонија. Зошто? Колективен мазохизам ли е во прашање? Толку ли ни е лесно да ги отфрлиме сите можности и да им поверуваме на криминалци на кои не им е гајле за Македонија, туку само за нивниот спас од правдата?

Со имотниот лист што Зоран Заев и неговата екипа се обидуваат да ни го донесат, ќе можеме да здивнеме, барем за миг, да бидеме свои на своето, да тргнеме од мртва точка. Продолжи со читање, те молам! Ова не е форсирање, ниту апологија. Слушнавме, видовме и на своја кожа осетивме што можат да направат претходните. Сега, дојдоа новите. На горе-долу слободни избори. По тешки потреси и насилства низ земјата и терор во законодавниот дом.

Знаеме, имавме една година да видиме дека имаат и сериозни недостатоци. Грешките нема да им ги простиме, како што им простувавме на претходните. Се променивме, не сме веќе истите, не сме „народ“, како што нѐ нарекуваат манипулантите и апашите, туку граѓанки и граѓани кои мислат со своја глава. Но, сега ни треба уште еден напор.

Ние ги назначивме, ние ги плаќаме, треба и да ги поддржиме – да ја завршат работата! Ќе ги следиме будно, да не ја упрскаат, да не потрошат повеќе пари отколку што треба, да ги вратат парите што ни ги украдоа претходните, да ја вратат правдата.

Но! Имотниот лист ни треба итно. Сега или никогаш.

Да заминеме достоинствено во иднината, а не да пропаднеме заборавени и понижени во минатото. Бидејќи, токму тоа ќе ни се случи… Ако не направиме компромис со реалноста, ќе нѐ проголта безумието на кошмарните соништа.

Со онакви ликови како Грујо и весела Фамилија, ќе останеме без Македонија. Ни карабина нема да ни остане, ни шатор.

Затоа, дајте да го земеме имотниот лист, да ја оставиме темната пештера зад нас. Па после можеме да продолжиме да се расправаме меѓу себе, за ланскиот снег или за етничкото потекло на ангелите што играат на врвот на една игла. Друго ќе биде, имотниот лист ќе ни биде в рака. И караницата ќе ни биде послатка и заедничкиот живот ќе ни биде поспокоен.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран Заевимотен листисторијаЈугославијаМакедонијаНикола Груевскиправда
Share265Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ