• Latest

Македонија: Преглед на настани (21 јуни 2016)

June 22, 2016

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
Фото: Ангел Ангеловски

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Фото/ Wikimedia commons

Евробарометар: Повеќе од половина Европејци поддржуваат проширување на Европската Унија

October 29, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (21 јуни 2016)

June 22, 2016 09:16
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (21 јуни 2016 година): Продолжува расправата за одговорност на Ѓорге Иванов || Во тек е куќниот притвор за градоначалникот Талески || Коѕиас: Прво да се реши името, па потоа преговори со ЕУ || Следниот период клучен за Македонија  || Нема најава за нови преговори  || Нападната членка на Левица  ||  Ден после протестот на Шарената револуција

timeline

Продолжува расправата за одговорност на Ѓорге Иванов

cv

Собранието на Македонија  ја продолжи расправата за Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците од опозицијата, најави претседателот на парламентот Трајко Вељановски по вчерашната дебата за импичментот. Во тек на собраниската дебата, што се одвиваше четврти ден, пратениците ги повторија ставовите во врска со одговорноста на претседателот Иванов за одлуката за аболиција која подоцна ја повлече.

Во тек е куќниот притвор за градоначалникот Талески

13268363_969288853189584_4639187386465923789_o

Решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески е доставено вчера и оттогаш формално тече мерката куќен притвор од 30 дена за него. Во меѓувреме, иако Талески ја обжали одлуката пред Апелационен суд, од повисокиот суд велат дека жалбата се уште не е стигната кај нив. Се чека Кривичниот суд да ја комплетира жалбата, по што таа ќе биде испратена до Апелација.

Коѕиас: Прво да се реши името, па потоа преговори со ЕУ

Не – за европски санкции и јавни притисоци врз Македонија, да – за подипломатско делување за да се развие култура на демократски дијалог и компромиси и да се стави крај на иредентистичките тенденции на македонската Влада. Со овие ставови настапил грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Коѕиас испратил порака дека Грција ја поддржува Македонија и нејзината европска перспектива, меѓутоа инсистирал дека не спорот за името, туку недостатокот на демократија создава проблеми и ја кочи Македонија да започне преговори со ЕУ.

Следниот период клучен за Македонија

Брисел денеска повторно ги повика македонските политички лидери да седнат на преговарачката маса и да создадат услови за веродостојни избори и истакна дека следните недели се клучни за европската иднина на Македонија. Советот за надворешни работи вчера разговараше за ситуацијата во поранешната југословенска Република Македонија. Како што истакна високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, постои многу јасна согласност меѓу земјите членки за потребата политичките лидери во земјата да се вклучат во отворен дијалог, да се имплементира Договорот од Пржино и да се создадат услови за веродостојни избори, да се развие владеењето на правото, да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство и да се имплементираат реформските приоритети – соопшти  Маја Коцијанчич, портпаролката на шефицата на европската дипломатија.

Нема најава за нови преговори 

Нема најава за продолжување на преговорите меѓу четирите партии. Главните опоненти, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се откажуваат ниту од своите позиции, ниту од дијалогот којшто треба да резултира со целосна примена на Договорот од Пржино постигнат минатото лето. Иако не постои конкретна иницијатива за нова средба, ниту меѓу преговарачките тимови, ниту на лидерско ниво, во ВМРО-ДПМНЕ се оптимисти дека наскоро може да дојде до напредок.

Нападната членка на Левица

levica21-650x400

Две маскирани лица, по синоќешниот протест, и довикувале на девојка, член на Левица, со зборовите: „Ќе видите дали нема правда“, а потоа и физички ја нападнале. Од нападот, девојката се здобила со полесни телесни повреди и модринки по телото. Од партијата велат дека случајот ќе го пријават во МВР, но не очекуваат тој да биде расчистен.

Ден после протестот на Шарената револуција

13466171_989100397875096_4878634922963646420_n

Протестот на Шарената револуција, што се одржа синоќа, како одговор на неисполнетите барања кои со ултиматум беа упатени до Владата и до Уставниот суд, собра повеќе десетици илјади граѓанки и граѓани од цела Македонија, под паролата “Граѓаните доаѓаат по правдата”. Покрај големата излезност, мотивациските и инспиративни говори и мирната – ненасилна атмосфера, без апсења и повредени, по завршувањето на протестот, сепак, останаа многу неодговорени прашања: кои ќе бидат следните активности, што ќе се случува по протестот и дали се исполнети очекувањата?

 


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУимпичментМакедонијапрегледЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ