• Latest
Asthmatic

Македонија се бори против астмата со недостиг на лекарства

May 4, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија се бори против астмата со недостиг на лекарства

May 4, 2018 07:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Asthmatic

Asthmatic

Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден за борба против астмата во Македонија и оваа година ќе се одбележи со недостиг на лекови на позитивната листа.

Според податоците од минатата година од Клиниката за пулмологија во Македонија од астма се заболени 80 000 до 100 000 лица. Се верува дека оваа бројка е зголемена на 170 000 заболени лица вклучувајќи ги и оние со дијагноза ХОББ (хронична опструктивна белодробна болест).

Инаку, астмата е хронична опструктивна болест на дишните патишта, се одликува со нарушен проток на воздух и зголемена реактивност на дишните патишта кон иританси од надворешната средина- тригери. Причините не се докрај разјаснети, но познато е дека влијаат генетската предиспозиција во комбинација со факторите од животната средина- изложеност на алергени (мувла, полен, алергени во храна), иританси (прашина, чад од цигари,хемиски иританси, загаден воздух), физички напор, лекови, ладен воздух, емоции. Оттука како причина се наметнува се позагадениот воздух, особено во урбаните средини. Превентивно би можело да се делува со подигнување на еколошката свест.

Пациентите постојано се соочуваат со недостиг на лекарства за ова заболување, кои веќе на вториот ден од месецот ги нема на позитивната листа на лекови, па граѓаните ги купуваат по цена која достигнува и до 50 евра од спреј.

И покрај постојаното зголемување на пациенти со респираторни проблеми, Агенцијата за лекови и Министерството за здравство, овие лекарства ги водат како лекови за ретки болести, а бројот на увезени месечни количини не соодветствува со потребите на граѓаните.

Во десетината аптеки кои ЦИВИЛ Медиа ги посети изминатиот месец во истиот момент кога ќе разберат за каков лек се работи вработените веднаш креваат раменици и речиси секогаш велат дека воопшто не го добиваат. Онаму каде што го има, пак, постои листа на резервирани лекови кои ги подигаат редовни пациенти.

ЦИВИЛ Медиа се обрати и до Агенцијата за лекови од каде негираа дека постои недостиг на лекарствата за астма и ХОББ, но до денеска не ни одговорија колкави количини од лековите се увезуваат и се наоѓаат на позитивната листа.

М. Ивановска

 

Tags: Агенција за лековиатсмаборбалекарстваМинистерство за здравствонедостигсветски ден
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ