• Latest

Македонија со најмногу лажни профили кои шират лажни вести

March 22, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија со најмногу лажни профили кои шират лажни вести

March 22, 2018 13:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг изјави за Си-Ен-Ен дека во 2017 година откриле голем број лажни профили од Македонија од каде се шират лажни вести, и оти е подготвен да сведочи пред американскиот Конгрес поради злоупотребата на лични податоци на милиони корисници на таа социјална мрежа.

– Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки што ги развивме со цел да откривање лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести, рече Закерберг.

Тој призна грешка и изрази жалење поради скандалот.

– Навистина ми е жал за тоа што се случи, изјави Закерберг во интервјуто, прво откако е обелоденет скандалот со компанијата Кембриџ аналитикс која се поврзува со претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Тие признаа дека имале пристап до 50 милиони корисници на Фејсбук без нивно знаење и чувале податоци откако Фејсбук побарал бршиење на податоците.

– Тоа претставува злоупотреба на многу важна доверба и искрено ми е жал за тоа што се случи. Нашата одговорност е тоа да не се повтори, изјави Закерберг.

Според него, компанијата направила грешки и истакна дека тоа ја менува нивната политика за приватност за да се заштитат сите корисници на социјалната мрежа.

– Би сакал тие чекори да беа преземени претходно. Тоа е веројатно најголема грешка што сме
ја направиле, изјави Закерберг.

Тој најави ограничување на пристапот до лични податоци на корисници на ФБ и известување до сите корисници чии податоци би можеле да бидат злоупотребени без нивно одобрување.

– Јасно е дека во 2016 година не ја исполнивме добро задачата да одговориме на предизвиците како што треба, без разлика дали станува збор за мешањето на Русија во изборите во САД или за лажните вести. Но, тоа што го видовме оттогаш е дека неколу месеци подоцна имаше избори во Франција каде распоредивме некои ИТ алатки што исполнија голема работа приидентификување руски „ботови“ како и детектирање потенцијално руско мешање…Оваа година има избори во Индија во Бразил и во други делови од светот, и ве уверувам дека сме целосно посветени да направиме се што треба за да се заштити интегритетот за тие избори од страна на Фејсбук, изјави Закерберг.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: лажни вестиМакедонијаМарк ЗакербергРусијаСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result