• Latest

Македонски манифест и СМК со „црвена линија“ за Коѕијас!

August 30, 2017
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонски манифест и СМК со „црвена линија“ за Коѕијас!

August 30, 2017 13:18
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на утрешната официјална еднодневна посета на Скопје, ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а по разговорите ќе има и заедничка изјава за медиумите. Според грчкото МНР, Коѕијас ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, и заменик-премиерот, одговорен за односи со ЕУ, Бујар Османи, а ќе се сретне и со претставници на парламентарните партии.

И додека дел од аналитичарите во двете држави најавуваат дека ништо спектакуларно не треба да се очекува од посетата на Коѕијас, и дека и покрај реалноста на очекувањата за подобрување на односите и на меѓусебната доверба, што и беше најавено како главна цел на посетата, сепак, нема да има драстични промени во позициите на Атина и Скопје, околу долгогодишниот спор за името. Според одделни грчки медиуми, официјална Атина „нема да дозволи македонските власти да ја монополизираат конструктивноста на средбата, и од друга страна, ќе покаже дека с уште не се создале услови за брзо решавање на прашањето за името“.

Покрај официјалниот дел од средбата, организациите „Македонски манифест“ и „Светскиот македонски конгрес“ најавија дека утре, пред Министерството за надворешни работи, ќе го дочекаат гостинот од Грција, со протест и со транспаренти.

Организаторите соопштија дека на мирниот протест уште еднаш ќе ја потенцираат својата „црвена линија“ за името: „Сме биле, сме и ќе бидеме Македонци и Македонија! Името на државата е идентитетот на нацијата! Македонски манифест и Светскиот македонски конгрес бараат безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и безусловно и итно продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!“

Вчера во Атина се одржа шестиот Состанок за мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција, според договорот постигнат меѓу министрите за надворешни работи на двете земји во Скопје, на 24 јуни 2015, кога беа наведени 11 конкретни точки за градење на довербата. Според соопштението на македонското МНР, состанокот бил продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог на заемно договорените теми: проекти за меѓусебно поврзување во областите на транспортот и енергијата, полициска соработка, европски програми, култура, образование, цивилна заштита, јавна администрација, здравствена заштита, соработка меѓу дипломатските академии и иницијативи за деловна соработка.

За напредокот во процесот на спроведување на мерките за градење на доверба ќе се разговара и на утрешната средба меѓу Коѕијас и Димитров, а следниот состанок за мерките за градење на доверба меѓу Република Македонија и Република Грција, ќе се одржи во Скопје.

Tags: ДимитровКоѕиасМакедонски манифестмерки за довербаМНРпосетаСветски македонски конгресспор за името
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ