• Latest

Македонија пред жешко „политичко“ лето: Дали се очекува ескалација или деескалација?

June 5, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Македонија пред жешко „политичко“ лето: Дали се очекува ескалација или деескалација?

June 5, 2024 14:31
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ

Македонија веќе долго време се наоѓа во спирала на политички кризи, кои ја разнишуваат стабилноста на земјата и го забавуваат нејзиниот напредок. Политичките партии се соочуваат со постојани разногласија, што често резултира во блокади и нестабилни владини коалиции. Дали ќе биде така и овој пат со новата владина коалиција останува да видиме, велат експертите за ЦИВИЛ МЕДИА.

Со завршувањето на изборите и создавањето на новото парламентарно мнозинство, на повидок е формирање на Влада од речиси две третини од пратениците, составена од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

Македонија пред политичко „жешко“ лето

Предупредувањата од политичките партии, особено од оние на Европскиот фронт, се дека ќе имаме жешко лето, не само поради топлото време кое преовладува во ова годишно време, туку од политички причини, особено поради, како што велат – „легитимитетот“.

Универзитетскиот професор Мурат Алиу за ЦИВИЛ МЕДИА вели дека прашањата се посложени од предупредувањата на Европскиот фронт.

„Точно е дека Македонија ја очекува ‘жешко’ политичко лето. Тоа се должи на фактот дека новата влада ќе се соочи со многу проблеми, наталожени од порано. На прво место на политичката агенда на новата влада ќе биде борбата против корупцијата, економската криза и секако односите со нашите соседи, Бугарија и Грција“, вели Алиу.

Дали е можно да има ескалација на ситуацијата?

Европски фронт ја смета за „моноетничка мајоризација“ владината коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН, кои до вчера беа во опозиција и кои на изборите добија околу 30.000 гласови помалку од ривалската коалиција. Од друга страна, ВЛЕН сметаат дека победиле на изборите затоа што собрале 107 илјади албански гласови.

Пред неколку дена во Тетово, лидерите на коалицијата Европски фронт, покрај заканувачките изјави, потпишаа и изјава во која велат дека новата владина коалиција „го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го минира соживотот, демократијата и не треба да се дозволи од сите нас заедно“.

Алиу вели дека не може да има ескалација на ситуацијата, бидејќи ДУИ нема поддршка.

„Што се однесува до можноста за ‘ескалација’ на ситуацијата предизвикана од Демократската унија за интеграција, мислам дека такво нешто не може да се случи. Тоа е затоа што такво нешто нема да биде поддржано ниту од надворешниот фактор, ниту од внатре. Притоа, овој дискурс на ДУИ е ориентиран кон внатрешното членство, со цел консолидирање на нивните партиски редови. Меѓу другото, ДУИ со ставање на овој акцент – дека власта го нема легитимитетот на Албанците, има за цел да ја делегитимира албанската коалиција во владата и е подготовка за следната кампања за локалните избори“, вели универзитетскиот професор Алиу.

Алиу понатаму нагласува дека најдобро за самата ДУИ, за Албанците и за демократијата е да влезат во процес на реформирање и на тој начин да се подготват за изборите и идните политички битки.

Има ли сличности меѓу коалицијата од 2006 година и сега?

Во летото 2006 година, тогашниот мандатар Никола Груевски направи коалиција со албанската партија ДПА (Демократска партија на Албанците) со 11 пратеници, која имаше помалку пратеници од победникот на тогашните избори, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во коалиција со Партија за демократски просперитет (ПДП) и Демократската лига на Бошњаците (ДЛБ) со 17 пратеници. Оваа коалиција на чело со ДУИ тогаш го проблематизираше ова прашање поради мајоризација на албанските гласови, при што политичката криза по 18 месеци заврши со „мајскиот договор“ меѓу Али Ахмети и Никола Груевски кој траеше до 2017 година.

Комуникологот и политички аналитичар Сефер Тахири коалицијата од 2006 година ја гледа како идеолошко партнерство, а сега како консензус за ДУИ да оди во опозиција.

„Владината коалиција меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДПА во 2006 година беше формирана врз основа на стратешко партнерство, кое се засноваше на десничарската идеологија која овие две партии ја прокламираа. Додека коалицијата 2024 година, иако има сличности на конзервативниот идеолошки аспект, промовирана од партијата на Мицкоски и коалиционите партии ВЛЕН, не може да се каже дека е формирана на оваа основа, туку е резултат на консензусот на двата блока, ДУИ да оди во опозиција“, вели Тахири.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува утре да го добие мандатот за формирање на владина коалиција, го чекаат многу предизвици, почнувајќи од борбата против корупцијата, употребата на уставното име на државата и реформите што ги најави за време на неговата изборна кампања, додека ВЛЕН се соочува со предизвикот на подобро владеење од тоана ДУИ.

Граѓаните, истоштени од хронична состојба на несигурност, бараат решенија кои ќе овозможат подобра иднина и реални промени. Дали е можно конечно да се излезе од овој маѓепсан круг?


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА
Tags: ВЛЕНВМРО - ДПМНЕДУИМурат АлиуСефер Тахири
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ