Македонија и натаму се наоѓа во групата делумно слободни земји според најновиот извештај на Фридом хаус „Слободата во светот 2019“. Земјава и оваа година останува со вкупен рејтинг од 3,5, на скала каде 1 е најслободно, а 7 е најнеслободно општество.
Според најновиот извештај на Фридом Хаус „Слободата во светот 2019“, со вкупен скор од 59 поени, Македонија се наоѓа во групата делумно слободни земји.
На скала од еден до седум, каде еден е најслободна, а седум најмалку слободна, е оценета со 3, додека според политичките права со 4, а според граѓанските слободи со 3,5.
Со овој резултат Македонија, светски рамки е на исто ниво со Хонг Конг и Бутан. Во рамките на регионот се наоѓа зад Словенија, Грција, Хрватска и Бугарија, и малку зад Србија, Црна Гора и Албанија. Според извештајот, Македонија е подобра од Косово и Босна и Херцеговина.
„Фридом хаус“ оценува дека глобално слободата и демократија веќе 13-та година по ред има тренд на намалување. Пад има во разни земји во сите региони во светот, од долгогодишни демократии како што се САД, до цврсти авторитарни режими како Кина и Русија.
Од вкупно 195 држави во светот, според резултатите од извештајот, 86 се слободни, 59 се делумно слободни, додека 50 се неслободни.
Д. Т.